Фиат очекува од хибридниот „500“ да продава по сто илјади возила годишно

Побарувачката за новата погонска изведба од Фиат 500e се очекува да се движи меѓу 100.000 и 110.000 примероци годишно, соопшти директор на концернот Стелантис. Најиталијанската автомобилска марка од сите марки ќе изведе варијанта од новиот 500, со бензински мотор со благ хибрид, место со електричен погон, со којшто моделот се нудеше во изминативе близу четири години. Соодветно се очекува и цената да биде значително пониска.

Стелантис, матичниот концерн на Фиат, во минатиот месец објави дека ќе додаде изведба со благ хибриден погон од електричниот 500е. Во истата пригода беше соопштено и дека идната генерација на СУВ-моделот Џип Компас ќе се произведува во Италија, исто така со можност за избор на благ хибриден погон. Плановите се сменија откако забави продажбата на електрични автомобили, главно поради укинувањето на субвенциите на германскиот пазар, најголемиот пазар во Европа.

Моделот Фиат 500е, што е конструиран само за електричен погон и се продава од 2020 година, ќе претрпи големи измени, за во него да може да се смести познатиот бензински мотор Фајер Флај со 48-волтен благ хибриден погон. Тоа е мошне необичен потег во браншата.

Актуелниот Фиат 500 со бензински мотор, почна да се продава во 2007 година и се произведуваше во Полска. Поради новите барања на ЕУ, што погодува бројни модели со условите за новите возила меѓу другото да поседуваат заштита од хакерски напади, Фиат мораше да го прекине производството на бараниот модел.

Шефот на марката Фиат за Европа, Гаетано Торел, во четвртокот соопшти пред новинарите дека побарувачката за новиот хибриден 500 би достигнала меѓу 100.000 и 110.000 возила годишно. Чисто електричната изведба во минатата година се продаде во помалку од 80.000 примероци.

„Постои голем број клиенти што би сакале да поседуваат 500е, но не можат да си го дозволат. Сега им нудиме шанса да го поседуваат,“ кажа директорот.

Од добавувачите претходно проструија гласини дека Фиат планира годишно да произведува по 125.000 примероци од новата хибридна изведба на Фиат 500.

Производството на новата погонска изведба би отпочнало во 2026 година

Хибридниот 500 (со фабрички код 332, моделот од 2007-ма носи код 312) ќе ја користи истата платформа како електричниот 500е. Производството на „312“ во Полска заврши.

По култното чинквеченто од 50-те, Фиат во 2007 година почна со продажба на 500 со фабрички код 312, за во 2020 година да следи исто електричен модел со код 332. Од електричниот модел ќе се изведе верзија со благ хибриден погон

Електричниот 500е во Италија чини 29.000 евра, не вклучувајќи ги субвенциите. Фиат ќе го продава ЕВ-моделот и во САД.

Извршниот директор за марката Фиат, Франсоа Оливие, кажа дека хибридниот 500е би чинел „неколку стотини евра“ повеќе од изведбата што до скоро се произведуваше во Полска. Таа во Италија чини околу 18.000 евра. Новата хибридна изведба дополнително ќе располага и со неколку технолошки новитети во споредба со „312“.

Производството треба да отпочне во првото тромесечје во 2026 година, во фабриката Мирафиори, во Торино, градот на Фиат.

Моќна порака во новата реклама на Фиат

https://youtu.be/LgQA_LoefQg

Претходна објаваСенаменскиот Мерцедес Ситан во уште една изведба, подолга 42 сантиметри
Следна објаваОсновачот на БИД цени дека Европа и САД се плашат од кинеските ЕВ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here