
Во четвртокот отпочна уште едно поглавје во историјата на фабриката на Киа во Џорџија, САД. Управата се собра да го прослави почетокот на производството на Киа ЕВ9, целосно електричниот СУВ со седум седишта. Тоа е прв модел на Киа што е конструиран врз платформата за електрични возила Е-ГМП, што се произведува во Вест Поинт. ЕВ9 досега се испорачуваше на пазарот во САД од фабриката во Кванмен, Кореја.
На свеченоста присуствуваа претседателот на Киа за Северна Америка, Шон Јун, и гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, кој воедно и го одвезе првиот примерок од ЕВ9 од монтажната лента во Вест Поинт.
Гувернерот изјави благодарност што тимот на Киа Џорџија „повторно ја избраа Земјата на Праските, во време кога работиме на тоа да прераснеме во главен град на е-мобилноста на нацијата.“
ЕВ9 им се придружува на наградуваните и барани СУВ-модели што Киа ги произведува во Џорџија: Телјурајд, Соренто и Спортаж. За електричниот седумсед да се вклучи во потфолиото на Вест Поинт, Киа вложи 200 милиони долари и отвори 200 нови работни места.
Претседателот и извршен директор на Киа за САД, Шон Јун ја опишува големата слика: „По освојувањето престижни награди, како Светски автомобил на годината, Електричен автомобил на годината во светот и СУВ на годината на С. Америка, ЕВ9 ќе биде во одлични раце кај членовите на тимот на Киа Џорџија, за кои најдобро говори успехот во производството на наградувани продукти, што се прочуени ширум светот.“
Првото возило на Киа излезе од фабриката во Вест Поинт на 16-ти ноември 2009 година.















