Киа ЕВ3 е можно да се произведува во Словачка

Киа го одработува воведувањето на следниот важен новитет за европскиот пазар, во вториот чекор е објавено видеото од новата ЕВ3 (ЕВ Три). Електрична.

Новиот компактен СУВ на Киа со целосно електричен погон, ЕВ3, ќе го задржи изгледот на концептниот автомобил што беше прикажан лани во октомври. Своето прво појавување пред светот, третиот електричен модел на Киа што е констриуран врз платформа наменета само за погон на струја, ќе ја има на 23-ти мај.

ЕВ3 ја продолжува дизајнерската насока што Киа ја користеше кај големиот СУВ-модел ЕВ9, што се продава во Европа од минатата година. Во изгледот се препознаваат и детали од помалиот електричен СУВ-модел, ЕВ5, којшто спаѓа во средната класа и во моментов се продава на кинескиот пазар.

Киа потврди дека ЕВ3 ќе почне со продажба на европскиот пазар кон завршетокот на годинава.

Моделот ќе се натпреварува против Фолксваген ИД.4, Шкода Ениак и Форд Експлорер, којшто е изработен врз иста платформа со ИД.4 и Ениак. ЕВ3 ќе биде позициониран во понудата на Киа над кросоверот Ниро, којшто се произведува и во изведба со хибриден погон.

Киа не објави каде ќе го произведува ЕВ3, иако во минатиот октомври беше посочено дека Европа ќе биде локација за производство на „мали и средни ЕВ“. Киа има фабрика во Жилина, Словачка, во којашто веројатно ќе се произведува електричниот ЕВ3.

Како основа на ЕВ3 служи истата електрична глобална модуларна плаформа (Е-ГМП) што се користи кај СУВ-моделите ЕВ5 и ЕВ9, како и кај спортскиот кросовер од средната класа ЕВ6.

Киа планира да лансира и помал целосно електричен автомобил што ќе носи ознака ЕВ2 и во 2025 година ќе почне да се произведува во Европа. Неговата цена се очекува да се движи околу 25.000 евра, со што ќе им конкурира на неколкуте електрични модели со достапна цена од европските марки, вклучувајќи ги Рено 5 и Фолксваген ИД.2.

Претходна објаваТолту Моторс најавува пристигнување на новите модели Way и Ora!
Следна објаваРолс-Ројс Кулинан го подмладе составот на купувачи на ултралуксузната марка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here