Тимот на Толту Моторс во текот на месец Април веќе имаше можност да се запознае со моделите, а пристигнувањето на нашиот пазар е резултат на нивната посветеност кон иновација и квалитет, со цел да ги задоволи потребите на клиентите.
Моделите Way 03 и Way 05 се врвни примери за современи автомобили, со уникатен дизајн и напредни технологии кои ќе ви обезбедат безбедност, комфор и задоволство при возењето. Тие се врвен избор за сите кои го бараат перфектно соединение помеѓу луксуз, перформанси и функционалност.
Малиот Ora 3 пристигнува како симбол на елеганција и иновација во светот на електричните возила. Со својот напреден дизајн и високи перформанси, Ora 3 е идеален избор за сите кои го ценат одржливото возење и модерниот стил.
Толту Моторс ќе ги сподели датумите кога моделите ќе бидат достапни за возење, каде што нивните стручни тимови ќе бидат на располагање за секакви прашања и совети.
За сите дополнителни информации, може да ги контактирате на 02 2655 655, 075 432 200 или пак да ја посетите нивната веб страна www.greatwall.com.mk
















