Рено одржал разговори со кинеските производители Ли Ауто и Шаоми околу технологии за електрични и интелигентни возила. Со тоа се отвораат можности за соработка во технологијата со двете компании.
Разговорите додека се одржува салонот на автомобили во Пекинг се одвиваат во услови на постојано заострување на односите меѓу Европа и Кина, поради серијата истраги на Европската Комисија околу евтиниот извоз од Кина.
Во истрагата меѓу другото се проверува и дали зголемената продажба на кинески електрични автомобили во Европа се должи на државна помош, со што се прекршуваат правилата за конкуренција. Кина се противи на тие наводи и ја обвини Европа за протекционизам.
„Нашиот извршен директор Лука де Мео учествуваше во првични разговори со челници од индустријата, меѓи другото со нашите партнери Џили и Донгфенг, со клучните добавувачи, но и со новите играчи, како што се основачите на Ли Ауто и Шаоми Технолоџи,“ напиша шефот за набавка и соработка Франсоа Провост во објава на ЛинкдИн.
Де Мео кажа дека Европа се соочува со предизвик да постигне рамнотежа, за од една страна да го штити сопствениот пазар, а од друга страна да учи од кинеските производители на автомобили, што се далеку понапред во развојот на ЕВ и софтверот за нив.
Рено веќе соработува со Џили во мотори со внатрешно согорување и хибридни погони, а има соработка и со технолошките компании Гугл и Квалком за паметен кокпит.
















