Планираната инвестиција се најавува во време кога бразилската влада прави обиди да го возобнови индустрискиот сектор во јужноамериканската земја.
Стелантис најави вложување од 30 милијарди реали (околу 6,07 милијарди долари) во Бразил, меѓу 2025 и 2030 година. Средствата се наменети за пуштање во продажба на нови модели и воедно за воведување на возила со хибрид-флекси погон во земјата.
Инвестицијата беше најавена во средата, кусо по завршената средба меѓу директорите на компанијата и Претседателот Луиз Инацио Лула да Силва. Властите во Бразил прават обиди да го вратат моќното индустриско производство во земјата.
Останатите производители, вклучувајќи ги Џенерал Моторс, Фолксваген, Киа-Хјундаи и Тојота, веќе имаат најавено инвестиции во висина од повеќе милијарди долари во земјата.
Во плановите на Стелантис за најголемата економија во Латинска Америка е да се примени електрификација во автомобилите во земјата што обично користат два видови горива, односно бензин и етанол, објасни извршниот директор Карлос Тавареш на конференцијата за медиуми.
Следниот нов модел на Стелантис може да се очекува во втората половина од годинава и тоа ќе биде хибриден модел, кажа Тавареш.
Стелантис, каде што спаѓаат марките Фиат, Пежо, Опел и Ситроен, планира во земјата да произведува и електрично возило, иако засега уште не се соопштуваат датуми.
TEMOS QUE VIRALIZAR ISSO!
Stellantis, que fabrica os veículos da Fiat, Jeep, Peugeot e Citroën, anuncia maior aporte da história do setor no Brasil!!
Empresa lança pacote de R$ 30 bilhões até 2030, exclusivamente para fábricas no país.pic.twitter.com/w89Z2OV18g
— abocadelobo 🇧🇷 (@abocadelobo) March 6, 2024
Тавареш кажа дека планот за инвестирање ќе ги почитува правилата на бразилската автомобилска програма што е наречена Мовер. Со таа програма им се овозможува ослободување од даноци на производителите што ќе вложат во одржливост и ќе преземат обврски, со цел да се намали влијанието на индустријата врз животната средина.
„Тоа е прагматична и мудра програма“, кажува менаџерот. „Клучно е тоа што интересите на бразилската влада и нашата компанија се совпаѓаат.“
Стелантис поседува три фабрики во земјата и во минатиот месец најави дека ќе презеде главнински пакет акции во автомобилските сервиси на фирмата ДПашоал.
Бразилските власти посочија дека производители на возила, меѓу кои кинеските БИД и Грејт Вол, веќе најавиле инвестиции во висина од вкупно 65 милијарди реали во следните неколку години.
















