Покрај скромниот број на изложувачи за јубилејното издание на автосалонот во Женева, под знак прашање е дали овој некогаш посебно важен настан за автомобилската сцена ќе се одржи повторно.
Женевскиот автомобилски салон по четири години пауза поради пандемијата, почнува од ново. Салонот воедно одбележува и голем јубилеј, 100-годишнина од првиот собир на автомобилската индустрија покрај брегот на Женевското Езеро. Покрај исклучително скромниот број изложувачи, годинава нема посебна причина за славење.
Организаторите на салонот и покрај тоа зборувуваат за „ГИМС Риборн“ и веќе го најавуваат следното издание на женевскиот салон за 2025 година. Паралелно со тоа, во Катар во 2025 година ќе се одржи и второто идание на ГИМС Катар. Тоа официјално го потврдија организаторите Женева Интернационал Мотор Шоу (ГИМС).
Како и вообичаено, салонот почнува со ден за новинарите. На 26-ти февруари ќе биде објавен и автомобилот што ќе ја понесе титулата на Европски автомобил на 2024 година.
Меѓу поважните новитети во Женева е електричниот Рено 5. Шефот на концернот, Лука де Мео, сосем е извесно дека ќе биде меѓу најмногу бараните личности за интервју на салонот.
Скромен списокот на учесници
Некогаш во Женева во почетокот на годината се собираше целата европска автомобилска бранша, а им се придружуваа и Јапонците, Корејците и по некој егзотичен производител од САД. Но, тие времиња минаа.
Во 2024 година во халите ќе изложуваат само четири вистински големи производители на автомобили: Рено и Дачиа, и кинеските БИД и МГ Мотор.
Една од повозбудливите премиери има американскиот производител на луксузни електрични автомобили Лусид. Тие имаат сериозни планови за Европа.
Целосниот список на компании што ќе учествуваат:
- Аутомобил Клуб де Свис (АЦС)
- Асура
- Ауто-и-ДАТ
- Бивеј
- БИД
- Керсофт Глобал Лимитед
- Класикс Леџендс Мотор
- ДАБ Моторс
- Дачиа
- ЕреЕре ФиориСерие
- ФИА
- Формула 1 Мерчандајзинг
- ГП Моторспорт
- Исузу
- Кимера
- Лазарет
- Леџендс Магазин
- Лусид
- Мартин Енглер
- МГ Мотор
- Микролино
- Пининфарина
- Рејс Ворлд
- Рено
- Шенцер
- Сајленс
- Свис Рејсинг Лаб
- Туринг Клуб Свис (ТЦС)
- Тотем Аутомобили
















