Германија повеќе ќе загуби отколку што ќе заштеди со укинувањето на е-субвенциите

Зависно од тоа колку ќе опадне продажбата на електрични автомобили во Германија, откако семафор-владата реши да го укине т.н. бонус за животна средина, државата може да биде повеќе во загуба отколку во добивка.

Ненајавеното укинување на помошта за купување електрични автомобили, според една студија, може на Германија да ѝ донесе многу помала заштеда, отколку што беа првичните процени.

Постои опасност дека продажбата на електрични автомобили ќе се намали драстично, се укажува во редовниот извештај на КАР-Ауто, за состојбите на автомобилскиот пазар.

Доколку продолжи истата динамика на продажба на електрични автомобили на приватни лица, би можело да се заштедат 510 милиони евра, посочува студијата што беше објавена во понеделникот. Но, доколку продажбата опадне за десет проценти, тогаш заштедата ќе се сведе на 350 милиони евра. Објаснувањето е во тоа што мора да се смета и на намалениот приход од наплата на данок на додадена вредност.

Од друга страна, доколку продажбата на автомобили опадне за 42 проценти, како што беше случај при укинувањето на субвенциите за службени електрични автомобили, смалениот приход од наплата на данок на промет, ќе ја надмине заштедената сума што требаше да биде исплатена за субвенции за електрични автомобили за 176 милиони евра – тоа значи дека државата ќе биде во загуба. „Позитивна“ нула се постигнува доколку продажбата на електрични автомобили се смали за 32 проценти во споредба со 2023 година.

Погрешна одлука

„Од наше гледиште, сојузната влада донесе погрешна одлука со укинувањето на бонусот за животна средина за електричните возила“, коментираат авторите на студијата. Заштедата ќе биде премала.

Електрична Опел Мока во нашиот онлајн-каталог со сите нови модели на автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Opel Mokka Electric Elegance

Во најновото истражување, експертите укажуваат дека и натаму постои голема разлика во цената меѓу електричните автомобили и обичните автомобили. Време е да се понудат значително подостапни модели. Најголеми попусти за е-автомобили во моментов имаат Фолксваген и Дачиа.

Претходна објаваАвстралија врати брод полн со автомобили Тесла, но и со смрдибуби
Следна објаваМасимо Фраскела замина од местото на дизајнер на Јагуар Ланд Ровер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here