Брод натоварен со илјадници возила Тесла за австралиските купувачи мораше да се врати назад во Кина, поради тоа што бродот беше под инвазија на смрдибуби, што претставуваат биолошка опасност.
Таква вест не се среќава секој ден. Брод натоварен со возила Тесла не доби дозвола да пристапи во пристаништето на Бризбејн во Австралија. По повеќе недели во чекање, бродот конечно беше вратен кон Кина, како што известува порталот за поморски транспорт Трејд Виндс. Проблемот: Ертесина фуло, односно на македонски, смрдибуба.
Бродот под име Гловис Каравел на корејската логистичка компанија Хјундаи Гловис, со капацитет од 6697 ЦЕУ (Кар еквивалент јунит, односно единица мерка за автомобил) пловеше од Шангај за Бризбејн.
Кога бродот пристигна на одредиштето, австралиските власти не му дозволија тој да се закотви. Смрдибубата со жолти дамки се смета како биолошко загрозување, мошне е отпорна и брзо се шири, и може да ги загрози цвеќињата и овошките што се важни за стопанството.
Експерт за поморски транспорт го оценува постапувањето во случајот како „катастрофа“. Бродот загубил 72 денови во времетраење на пловидба, вклучувајќи 62 денови чекање и бескорисно чистење од штетници, пред брегот на Австралија.
Екипажот на крајот морал да се врати во Шангај, за бродот даму да се дезинфицира, пред повторно да заплови кон Австралија, преку Пјонгтек во Јужна Кореја.
How the humble stink bug caused Australia to miss a major EV milestone https://t.co/16aMw1Yi2i
— Guardian Australia (@GuardianAus) January 14, 2024
Според австралиските медиуми, Тесла испратила допис по е-пошта до погодените клиенти. „Постојано ги проверуваме сите можности што ни стојат на располагање, за Вашиот Модел Ипсилон да Ви го доставиме колку е можно поскоро“, пишувало во писмото. „Тоа може да значи дека Вашиот налог ќе се пренасочи за возило од следната производствена шаржа.“ На бродот, покрај Тесла се наоѓале и автомобили од други марки.
















