Стелантис е концерн број 2 во Европа, веднаш зад Фолксваген

Стелантис го потврди местото на втор најголем производител на автомобили во Европа и воедно го задржа водството на пазарот на доставни возила. Околу една третина од овој пазар им припаѓа на марките на концернот што произлезе од ПСА и ФЦА, со продажба зголемена за 15% во споредба со ’22.

Сите пет водечки пазари во Европа лани покажаа зголемени симпатии за автомобилите од марките на Стелантис. Вкупната продажба на патнички автомобили и доставни возила порасна за 2,2 проценти во Франција, во Германија (+5%), во Италија (+10,6%), Шпанија (+3,5%), и посебно во Обединетото Кралство (+16,8%).

Продажбата се одвиваше одлично и на останатите пазари. Повеќе возила се продадоа во Белгија и Луксембург, во Ирска, Португалија и во Швајцарија. Концернот е прв во Франција, Италија и Португалија. Пазарот на електрични возила во Франција и Холандија исто така му припаѓа на концернот со своите 14 марки.

Продажбата на батериски електрични возила (БЕВ) се зголемила за 14 проценти во споредба со ’22 и покрива 14,2 проценти од европскиот пазар на БЕВ. Главни носители на продажбата во овој сегмент се Фиат 500 Електро, Опел Корса Електрик, Пежо е-208, Џип Авенџер и цела палета доставни возила (покриваат 38,6% од пазарот) што се дел од семејството Про Уан.

„Осврнувањето на оваа исклучителна година покажува дека со постигнатата продажба ја потврдивме позицијата како неприкосновен предизвикувач за првото место“, кажува Уве Хохгешурц, оперативен директор на Стелантис за поширокиот регион на Европа. „Ние не само што го одредуваме темпото, туку и почнуваме нова трка, со тоа што ги освоивме врвните места на пазарот на БЕВ“, додава Хохгешурц, кој претходно беше шеф на Опел.

Стелантис е водечки концерн во Франција и прв е на пазарот на електрични возила, со удел од 27,4 проценти. Второпласираниот концерн заостанува со 4 проценти бодови. Во Италија, на концернот на Фиат и Пежо исто така му припаѓа првото место. Дополнително, Стелантис таму покрива 45,5% од пазарот на доставни возила. Секое четврто продадено електрифицирано возило и половината од електричните товарни возила во Италија, доаѓаат од овој концерн.

Во Германија, Опел Корса е најпродаван градски модел, веќе трата година во низа. Кај доставните возила, Стелантис во четирите последни месеци ја освојуваше првата позиција во Германија.

Во Шпанија, концернот е посебно моќен со електричните патнички возила и со приклучните хибриди, како и со електричните доставвни возила. Во Велика Британија, тамошниот Воксхол (место Опел) е трета најпродавана марка на пазарот на доставни возила. Електричните Корса и Мока се најпродавани во своите сегменти.

Планот за 2024 година е да се удвои бројот на модели со целосно електричен погон во понудата.

Опел Корса во нашиот онлајн-каталог со сите нови модели на автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Opel Corsa 1.2 Edition

Претходна објаваЕлектричниот Макан е прв Порше врз новата платформа ППЕ
Следна објаваТесла и Волво запреа со производство поради кризата на Црвеното Море, Стелантис се префрлува на авионски превоз

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here