Електричниот Макан е прв Порше врз новата платформа ППЕ

Порше има важна премиера годинава. Макан наскоро ќе почне да вози во целосно електрична изведба, којашто е развиена како сосем нов модел, со различна техника од сегашниот.

Кога Порше објавува дека прототипите од некој свој модел ги става во најтешки услови за тестирање, тoа обично значи дека наскоро следи и претставување на серискиот модел. Тоа во случајов важи за важниот елекtричен Макан, што веќе одамна требаше да биде во продажба, меѓутоа проблемите со бавниот развој на софтверот, останати од времето на поранешниот шеф на концернот, Дис, го одложија и стартот на вториот целосно електричен модел во понудата на Порше.

Првата генерација на Порше Макан се појави пред десет години. Наследничката е прв модел на Порше што ќе ја користи новата платформа ППЕ (Премиум Платформ Електрик), наменета за модели од повеќе премиум марки на концернот. Платформата е развиена заеднички со Ауди.

Тестирањето на моделот пред пуштањето во серија се одвиваше во три фази: Реално тестирање во екстремни услови, виртуелно тестирање, и секако тестирање во аеро-тунел.

За обемот на промените сведочи најдобро податокот за коефициентот на отпор на воздух на новиот модел од 0,25 – наспроти 0,35 на сегашниот Макан

Директорот за развој на Макан, Јерг Кернер, кажува дека „кога развиваме нов модел, секако дека се работи за возна динамика и прецизност, тоа е Порше. Тоа е нашата ДНК. Но, секогаш се работи и за ефикасност. И за дизајн.“

Предизвикот со аеродинамичноста е голем, затоа што колку едно возило полесно се пробива низ воздухот, толку се троши помалку енергија. Кај електричните автoмобили, тоа значи дека со батеријата ќе се вози подолго.

За да се постигне толку низок отпор, електричниот Порше Макан користи активна аеродинамика, ПАА – Порше Актив Аеродинамикс. Покрај задниот спојлер што се подигнува автоматски и активните ламели во предните отвори за воздух, подвижни елементи има и во подот. Целиот под е мазен, буклвално како кај Ф1-болид, дури и околу задната оска. Благодарение на тоа, сите моделски изведби на електричниот Макан ќе располагаат со досег од преку 500 километри.

Брзо полнење со моќност до 270 киловати

Електромоторите на новиот Макан црпат енергија од литиум јон батерија со бруто капацитет од 100 кВч, односно 95 кВч нето. За брзото полнење е заслужна 800-волтната архитектура. Во моментов се тестира како функционира полнењето со моќност до 270 киловати. Тоа ќе значи дека наполнетост од 80% ќе се постигнува за само 22 минути.

Посебен преклопник се користи за полнење на 400-волтни станици, при што 800-волтната батерија се преполовува на две батерии со по 400 волти. Така може да се полни со 150 киловати, без потреба од т.н. ХВ-бустер.

Тестирање на возните својства во исклучителни услови

Порше стави голем нагласок на возната динамика, како и на тоа чувството зад воланот да не се разликува од останатите модели на Порше. Со маскираните прототипи на електричниот Макан, во лабораторија и во јавен сообраќај се поминати повеќе од три и пол милиони километри.

Тестирања беа извршени и во Скандинавија, на 30 степени под нулата, и во Долината на смртта во Калифорнија, на 50 степени на нулата. Се тестираше и на асфалт, и по земја, на макадам, снег и мраз. Погонот на сите тркала става поголем нагласок на задната оска.

На предната и задната оска се вградуваат ПСМ-електромотори со постојана магнетна побуда, коишто можат краткотрајно да ослободат до 450 киловати. Контролата на тракција овозможува силата да се пренесе на подлогата без какво било доцнење, дури и кај врвната изведба со преку 1.000 њутнметри вртежен момент.

Во подвозјето се користи најшпирок обем на технологии, од амортизери со два вентили, преку пневматска амортизација, до заден диференцијал со блокада и за првпат задна оска што се врти до пет степени.

Порше Тајкан во нашиот онлајн-каталог со сите нови модели на автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Porsche Taycan

Претходна објаваФабриката на Тесла во Берлин две недели нема да произведува
Следна објаваСтелантис е концерн број 2 во Европа, веднаш зад Фолксваген

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here