Од седми јули 2024 година, во секој нов модел што стартува со продажба во ЕУ мора да бидат вградени неколку системи за асистенција. Меѓу нив има ицрна кутија што ги запишува податоците при незгода, но и систем што спречува да дојде до незгода и зафаќа во самото управување.
ЕУ уште во 2018 година си постави задача за бројот на кобни и тешки повреди во патниот сообраќај да го преполови до 2030 година. Успехот не изостанува: Од преоѓањето во новиот милениум, бројот на кобни жртви во сообраќајот во Европа се намалува постојано. До 2050 година, намерата е да се спречи каква било незгода во сообраќајот.
Тоа секако дека се амбициозни цели, што не се постигнуваат само со убави зборови, туку е потребно да се вклучи и техниката. Системите за асистенција се тие што се грижат за безбедноста, кога човекот и машината ќе се најдат во опасна ситуација.
Помагачи што не умеат да изневерат
Неколку системи за асистенција што преоѓаат во стандард кај новите модели
- Предупредување при замор на возачот
- Самостојно запирање при неизбежен судир
- Трепкање на стоп-светлата при силно запирање
- Систем за задржување во лента со самостојно зафаќање во управувањето
- Камера што чита сообраќајни знаци
- Асистенција при силно сопирање
- Предупредување за сообраќај зад возилото при излегување во рикверц
За овие системи за спречување незгоди со кобни жртви да станат задолжителни во новите автомобили, ЕУ донесе „Одредба број 2019/2144 за хомологација на моторни возила и приколки за моторни возила, како и на системи, компоненти и самостојни технички единици за овие возила, во корист на општата безбедност и заштитата на патниците во возилото и на незаштитени учесници во сообраќајот.“
Со оваа одредба се утврдува, кои системи за асистенција, од 7-ми јули 2024 година, мора да се наоѓаат во секој нов модел на патнички автомобил и доставно возило што ќе се хомологира за продажба на пазарот во ЕУ.
Покрај тоа, автомобилите нема да може да освојат највисока оцена при тестирањето на безбедноста од страна на Еуро НЦАП, доколку не ги поседуваат овие системи. За производителите на автомобили, овие уреди се составен дел од патот што води кон автономно возење. Дел од наведените системи за асистенција веќе се вградени во повеќето нови возила.
Интелигентен помошник за брзина (ИСА) – Предупредува дека е превисока брзината
Кога се вози пребрзо, автомобилот го јавува тоа и на возачот му пушта звучен или видлив знак (во инструментите). Автомобилот не забавува и не ја смалува моќноста. Возачот е одговорен за брзината. За овој систем да работи надежно, сепак е неопходно картите да бидат актуелизирани и знаците за брзинско ограничување да не се читаат погрешно.
Меморија за податоци при незгоди
Многумина ќе негодуваат дека не сакаат во возилото да имаат црна кутија што ги забележува сите податоци. Кај овој систем за снимање сепак не станува збор за „големиот брат“, затоа што податоците постојоано се бришат по неколку секунди. Единсвено во случај на незгода, податоците остануваат во меморијата.
Се собираат податоци за позицијата на педалата за сопирање, брзината, аголот, снимки од системот иКол.
Систем за итно сопирање
Како што навестува името, системот запира самостојно при неизбежен судир. Потребниот хадрвер веќе е вграден во бројни возила и се користи на пример кај приспособлоив темпомат. Тој самостојно забавува и забрзува, зависно од сообраќајот околу.
Систем за задржување во лента при итен случај
Слично како кај претходно спомнатиот систем, т.н. асистент за задржување во лента врши автоматски зафат во управувањето (место само предупредување преку вибрации на воланот), кога возилото е на пат да ја напушти сопствената лента. Овој систем исто така веќе е вграден во бројни модели, но главно се работи за нови модели од повисоките класи.
Предупредување за замор и невнимание
Човекот не е машина. Колку возењето е подолго, толку е повеќе веројатно дека возачот е заморен. Системот главно ги следи движењата на воалнот. Кога тие се нагли, алгоритмот претпоставува дека станува збор за замор на возачот. Тогаш се јавува системот и препорачува починка. Во некои модели се вградува и камера што го чита ликот на возачот и го предупредува, доколку трпка побрзо и очните капаци остануваат затворени подолго.
Светлa при итно сопирање
Работи слично како систем за итно сопирање. Станува збор за брзо и силно трепкање на стоп-светлата, кога возачот сопира нагло и силно, за да се предупредат возачите назад.
Приклучок за имобилизатор што открива присуство на алкохол
Според ЕУ, доволно е возилата да поседуваат само стандарден приклучок, за да се постави имобилизатор што открива конзумирање алкохол. Според тоа, овој уред не е задолжителен.
Предупредување за сообраќај зад возилото при излегување во рикверц
Целта е на возачот да му се укаже дека при излегување наназад со возилото, наидува друго возило од попречен правец, за на тој начин да се спречи судир. Системот работи во комбинација со камера и сензори.
















