Од правно гледиште, можно е поради користење на службен приклучок за струја за приватни цели да се загуби работата. Фирмите не се посебно засегнати. Тоа сепак му се случи на еден млад човек од Дуизбург, Германија, кој потрошил струја за 40 центи, за да ја наполни батеријата на својот хибриден автомобил.
Работните односи меѓу младиот човек, што работел како менаџер во еден хостел во германскиот град Дуизбург, и неговиот работодавец, сигурно биле нарушени уште претходно. Не постои друго објаснување, зошто 27-годишникот ја загубил работата, откако на работото место го приклучил својот автомобил да наполни батерија.
Работодавецот веднаш го раскинал договорот за работа, поради тоа што младиот човек на кусо го приклучил својот автомобил со хибриден погон, да ја поднаполни батеријата на 220-волтна приклучна кутија во приземјето на хостелот, за што потрошил струја за 40 центи.
Теоретски, ова постапување на работодавецот е сосем во ред. Во Германија, вработено лице навистина може да добие опомена, доколку приклучоците на работното место ги користи во приватни цели, на пример, за полнење телефон. Доколку работодавецот поради тоа ја изгуби довербата во вработеното лице, може да следи моментален отказ. Во повеќето фирми никој не се придржува кон овие строги правила.
Во овој случај пред работничкиот суд во Диселдорф, работодавецот инсистирал дека таквото постапување не се простува во работните простории и дека со тоа се прекршил и куќниот ред. Судот брзо го реши случајот, затоа што куќниот ред е наменет за гостите, но не и за вработените.
Во текот на постапката, тужителот кажал дека на неговото поранешно работно место било сосем вообичаено вработените да ги полнат своите уреди, како електрични велосипеди или електрични тротинети. Тој тврдел и дека шефицата јасно му дозволила да го прави тоа, што таа го порекнала.
Судиите не утврдија дека постои основ за продолжување на соработката и ги советуваа странките да се спогодат. Така и се случи: На пореанешниот рецепционер ќе му биде исплатена редовната плата, а ќе добие и добра препорака за следниот работодавец. Тој сепак нема да се врати на старото работно место – веќе почнал да работи кај друг работодавец.
















