Претседателот Владимир Путин го стави најголемиот дилер за автомобили во Русија под привремена државна управа. Според Кремљ, ваквиот чекор е направен од комерцијална логика, додека според основачот на Ролф, земјата со овој чекор станува неатрактивна за вложување.
Дилерската мрежа Ролф е во сопственост на компанија со седиште на Кипар и основана е од рускиот бизнисмен Сергеј Петров. Таа е меѓу првите дилерства што беа отворени во Русија, по распадот на Советскиот Сојуз.
Преземањето на компанијата од страна на државата, за што е објавен декрет на владиниот вебсајт, следи откако Москва годинава презеде привремена контрола врз повеќе компании во сопственост на Западот. Тоа беше одговор на санкциите што беа воведени кон Русија и кон руските компании.
Меѓу тие компании се најдоа и данската пиварница Карлсберг и францускиот млечен гигант Данон. Ставањето на Ролф под државна контрола, коишто долги години настапуваа со богата понуда од автомобили од странски марки, претставува прв пример на вакво одземање на имотот на моќен руски бизнисмен.
Петров, со живеалиште во Австрија, обвинет е од руските власти за недозволено изнесување пари од земјата, што тој го порекнува.
Дмитри Пешков, портпарол на Кремљ, објаснува дека „ова е поврзано единствено со економската состојба и со почитувањето на постоечката легислатива на Руската Федерација, земајќи ја предвид познатата економска ситуација во светски рамки, којашто нé опкружува.“
Ролф е руска компанија, но нејзината сопственичка структура вклучувала офшор-елементи, поради што државата морало да интервенира, додава Пешков.
Ролф соопшти дека Алексеј Гулјаев е назначен за нов извршен директор на фирмата, а Светлана Виноградова е негова прва заменичка.
Привремената управа нема да влијае врз работењето на Ролф, се наведува понатаму. Росимушчество, федерална агенција за управување со државен имот, има намера да ја унапреди дилерската мрежа Ролф и да ги подобри нејзините финансиски перформанси, соопштуваат оттаму.
Политички мотиви
Петров го оцени овој потег како уште еден удар врз инвеститорската клима во Русија и се прашува дали кој било инвеститор од Азија, на пример, би ризикувал да купи акции во руска компанија.
„Привремена (управа) значи трајна“, изјави Петров во телефонски разговор со Ројтерс. „Знаевме дека тоа ќе се случи. Банкарите веќе нé известија – ќе бидете ставени под надворешна управа.“
In Russia’s gangster’s paradise, Putin’s busy killing off future western investment. Russia’s biggest car dealership – Rolf has been placed under “temporary” (forever) state control. Founder of Rolf, Sergei Petrov, described the decision as “devastating”. Called the move another… pic.twitter.com/nv3kBcEV6l
— Glasnost Gone (@GlasnostGone) December 22, 2023
„Ова е веројатно во интерес на некоја од структурите што сега се обидуваат да купуваат (компании)“, кажа Петров, посочувајќи дека тоа е механизмот што се користи за да се оправда промената на сопственоста на компаниите.
„Луѓето прават договори користејќи политички мотиви,“ кажува Петров. „Тоа има поразителен ефект врз секого. Државата генерално е неефикасна, особено во продажбата.“
Петров е меѓу малкумината руски бизнисмени што во 2014 година потпишаа меморандум, критикувајќи за штетата што ја претрпеа односите меѓу западот и истокот, откако Русија го анектираше од Украина полуостровот Крим.
Русија започна истрага во Ролф во 2019 година, обвинувајќи дека купувале акции по намалени цени, што Петров го негираше и кажа дека тоа веројатно е поврзано со неговите политички ставови.
Во септември, поранешен директор во Ролф беше осуден на осум и пол години затворска казна, по обвинението дека учестрвувал во зделка што претставувала недозволен трансфер на пари во странство.
Против Петров е издадена и потерница.
















