Кога Мерцедес свети сино, возач не управува со автомобилот

Властите во САД му издадоа посебно одобрение на Мерцедес-Бенц. Производителот од Штутгарт прв во светот доби одобрение, светлата на возилата да работат во сина боја, кога со возилото управува автопилот.

Мерцедес-Бенц е прв производител на автомобили во светот, што доби посебно одобрение, за специјалните светла што означуваат дека возилото во моментот е управувано од автопилот, да светат во тиркизна боја.

Одобрението засега важи само за сојузните американски држави Калифорнија и Невада. Посебното осветлување на возилата за тестирање во Калифорнија може да се користи во следните 2 години. Наспроти тоа, во Невада од 2026 година ќе биде дозволено и сериските возила да го користат посебното сино светло.

Двете одобренија ќе овозможат да се стекнат важни сознанија за секојдневието со автоматизираните возила. Светлата што двојат со сината боја треба да покажат дали средината на тој начин ќе ги прифати возилата што се движат на автоматизиран начин. Другите возачи ќе станат свесни дека возило околу нив се движи со автопилот.

Препознатливоста со сините светла е корисна и за полицијата полесно да ги воочува возилата и да провери дали возачот во тој момент е посветен на активности што не се дозволени додека возилото е пуштено да се движи со автопилот.

Сините светилки за автопилотирано возење се поставени во предните и задните светла, како и во надворешните ретровизори. Во Калифорнија, светилките работат во тиркизна боја.

Прва примена во Драјв Пилот

Светлата за обележување за автоматизирано возење прво ќе се вградат во тест-возилата во Калифорнија што се опремени со Драјв Пилот. Мерцедес уште во 2021 година беше прв производител во светот што доби дозвола за систем за самостојно возење од Ниво 3. По Германија, системот во 2023 година беше одобрен и во Калифорнија и Невада.

Драјв Пилот уште од 2022 година се вградува како опција во возилата што се испорачуваат за германскиот пазар. Во САД штотуку почна испораката на првите возила со овој напреден систем за автопилотирано возење.

Тиркизната боја е избрана затоа што јасно се распознава од останатите светла што се вообичаени во сигнализацијата во возилата и во сообраќајот. Покрај тоа, истражувањата покажаа дека тиркизната боја одговара најдобро за автоматизирано возење, затоа што таа и во поглед на физиолошките и на психолошките фактори се распознава појасно од останатите бои.

Тестирањата на автопилотираните возила може да водат кон тоа, тиркизната боја во иднина да стане стандардизирана боја во сообраќајот во светски рамки, покрај црвената за стоп-светла, портокаловата за трепкачите или зелената за семафор.

Претходна објаваКинески БИД ќе гради фабрика за електрични автомобили во Унгарија
Следна објаваПоранешен директор на Форд е нов шеф на Киа во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here