Прочуениот италијански дизајнер Џорџето Џуџаро ја нарече Тесла Сајбертрак „Пикасо меѓу автомобилите.“
Пикасо постигнал револуција во сликањето бидејќи бил храбар, кажува Џуџаро. „Тој беше уметник на декомпозицијата во реалноста.“
Слично е со извршниот директор на Тесла, Илон Маск, кој ги прекршил традиционалните очекувања за тоа како треба да изгледа пикап, изјави Џуџаро за високотиражниот италијански дневник ла Република.
Џуџаро е создателот на единствениот автомобил со каросерија од нерѓосувачки челик досега, на ДеЛореан ДМЦ 12 со крилести врати, што стана славен со неговото појавување во филмскиот серијал Назад во Иднината.
Џуџаро е убеден дека Сајбертрак би можело да се покаже како голем успех.
„Тој ќе биде псоебно успешен, затоа што луѓето сакаат да се издвојат. Тој не ја застапува потрагата по хармонија и перфекција, туку потрагата по емоции и робусност“, објаснува славниот дизајнер и татко на првиот Фолксваген Голф.
Неговиот син Фабрицио, исто така е дизајнер и даде одлични оцени за Сајбертрак – но тие не се однесуваат на впечатливиот и непогрешлив изглед.
„Му искажувам поддршка на Илон Маск за тоа што е храбар и ја разбира потребата на луѓето да се разликуваат,“ кажува Фабрицио.
















