Рекордни резултати на Сеат во првите девет месеци од годината

Сеат постигна рекордни финансиски резултати во првите три квартали од 2023 година, благодарение на зголемената продажба на возила и на подобрувањата во ефикасноста, како и на успехот на марката Купра. Приходите од продажба на Сеат се зголемија за 38,6 отсто на 10,8 милијарди евра во првите девет месеци од годината, што е највисока сума во историјата на компанијата.

“Постигнавме рекордни резултати меѓу јануари и септември и ова се многу позитивни вести.”, рече Вејн Грифитс, извршен директор на Сеат и Купра.

Резултатите на Сеат се темелат главно врз зголемената испорака на возила. Од јануари до завршетокот на септември, бројот на испорачани возила од двете автомобилски марки на компанијата е зголемен за 34,2 отсто, достигнувајќи 391.800 возила. Во овој период, Сеат испорачал влизу 100.000 автомобили повеќе од истиот период во 2022 година (292.000). Шпанскиот производител до октомври има испорачано повеќе автомобили (385.600 возила), отколку во цела 2022 година.

За зголемувањето на продажбата на Сеат придонесе надминувањето на проблемите со  доставата на полупроводници од добавуивачите и други основни компоненти, кои овозможија нивото на производство да се зголеми оваа година. Помеѓу јануари и септември 2023 година, испораките на марката Сеат пораснаа за 21,6% достигнувајќи вкупно 221.700 возила (182.300 во истиот период од 2022 година).

Сеат Арона и натаму е најпродавани модел на брендот помеѓу јануари и септември 2023 година (72.200 возила; +26,8%), по што следи Сеат Ибица (59.400; +45.0%). Главните пазари на брендот во овој период биле Шпанија (46.500; +20.1%), Германија (45.200; +20.1%) и Обединетото Кралство (24.300; +43.2%).

 

Претходна објаваТексас вторпат ја прогласи Тојота Тундра за најдобар пикап
Следна објаваКонцернот на Киа и Хјундаи гради фабрика од 1,5 млрд. долари за електромобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here