Citroen C5 X е од „старите ситроени“, автомобил со фактор „je ne sais quoi“. Тоа што најмногу остава впечаток е комфорот во секој поглед. Кај француски крстосувач, тоа е најважно. Затоа, Французите сега додаваат во C5 X сé што имаат на располагање, во серијата Hypnos, што ќе се изработи во ограничен број примероци.
Специјалната серија Citroen C5 X Hypnos се познава уште по лакот на каросеријата. Тоа е нова боја, со име Eclipse Blue, што доаѓа во комбинација со светла внатрешност и меки материјали. Контраст со сината каросерија создаваат деталите во „инфрацрвена“ боја.
Основата за C5 X Hypnos е врвното ниво на опременост Shine Plus. Опременоста во специјалниот модел досега до сончев покрив и аудио систем, а вклучува уште седишта со грејачи, со масажа и вентилација, електрично местење секако, исто како и скапи патосници.
Според производителот, сите овие зафати придонесуваат уште толку да се нагласи комфорниот карактер на C5 X, со активна амортизација и со прочуените седишта Citroën Advanced Comfort. Секако дека не е пропуштено во вратите да се постават стакла со дополнителна изолација.

Како марка што веќе го почна својот пат кон електромобилноста, природно е тоа што C5 X е достапен во изведбата со приклучен хибриден погон со 225 КС и 8-степен автоматски менувач. Почнато е со нарачки, испораките ќе следат рано во 2024 година.
Хипнос – симболично име со големо значење
Името потекнува од грчкиот бог Хипнос, бог на сонот. Со изборот на ова име, Citroen го нагласува и контрастот меѓу сината надворешност и светлата внатрешност, во смисла на идејата на „chiaroscuro“.
Француската марка и порано го има користено името Хипнос. На салонот во Париз во 2008 година беше претставен концептот со хибриден погон Hypnos, како вежба за идниот знаменосец.

Горниот дел од кожените и перфорирани седишта е обложен со сива алкантара, што е во согласност со намерата да се постигне мека и топла внатрешност. Името Hypnos е испишано на седиштата со црвена боја.

Посебен детал се облогите на вратите и украсите по арматурната табла, што се изведени со извесен ефект на Karuun, со изглед на светло дрво.
Отмено е изработена и средишната конзола, во црн клавирски лак и ласерски гравирани линии во бронзена боја.
















