Најлуксузните и електричните модели ја качуваат продажбата на Mercedes-Benz

Mercedes-Benz Cars постигна раст од 6 проценти во продажбата во второто тромесечје, со вкупно 515.700 возила. За тоа најмногу придонесоа целосно електричните и најлуксузните модели во понудата. Вкупно во првото полугодие, Mercedes-Benz Cars продаде 1.019.200 возила или за +5% повеќе од истиот период лани. Побарувачката порасна најмногу во Германија и во САД.

Продажбата на чисто електричните автомобили на Mercedes-Benz во вториот квартал порасна повeќе од двојно, за 123 проценти, на вкупно 56.300 возила. Најмногу се зголеми побарувачката за моделите EQA (+73%) и EQB (+83%), како и за EQE (+157%).

За шест месеци, Mercedes-Benz продал 102.600 батериски електрични возила на светскиот пазар. Уделот на електричните автомобили достигне 11 проценти во вкупната продажба на Mercedes-Benz.

Заедно со приклучните хибриди, продажбата на електрифицирани автомобили на Mercedes-Benz Cars од јануари до јуни изнесува 187.600 возила (+36%). Тоа сочинува близу една петина од продажбата (18%).

Во меѓувреме, пазарот во САД покажува сé поголем интерес за чисто електричните автомобили. Во првото полугодие, нивниот удел во продажбата на американскиот пазар се зголемил на 16 проценти. Во истиот период лани, уделот изнесувал само три проценти.

Нов поттик за продажбата ќе дадат неодамна претставената нова генерација на E-Class, како и купето CLE, на коешто в година ќе му се придружи и кабриолетот.

Mercedes-Benz на одредени пазари се префрлува на модел на директна продажба, односно на таканаречен агенциски модел. По Велика Британија, следни се Германија и Турција.

Продажба по сегменти

Top-End

Продажбата во Top-End сегментот во вториот квартал се зголеми за 12 проценти и достигна 84.800 возила. За шест месеци, продажбата достигнала 175.000 возила или за 15% повеќе од лани. На марката Mercedes-AMG отпаѓаат 38.000 возила (+19%). Расте побарувачката за СУВ-моделите и за AMG-изведбите на C-Class и на родстерот SL. Исто и побарувачката за G-Class е на високо ниво, со 11.000 возила (+29%).

Mercedes-Maybach од април до јуни продал 6.500 возила, за 39% повеќе од лани. Електричниот Mercedes-Benz EQS SUV во меѓувреме е достапен на светскиот пазар и постигна 10.900 продажби во првото полугодие.

Core

Продажбата во Core сегментот напредувала за 2 проценти, со 276.600 возила. Во второто тромесечје, E-Class ја зголемила продажбата за 11%, на 73.000 возила. Електричниот EQЕ напредувал за повеќе од двојно (+157 проценти, 9.000 возила), додека EQE SUV достигна 10.000 примероци. За второто полугодие се очекува голем раст, балгодарение на новите GLC, E-Class и CLE.

Entry

Од понудата од основни модели на Mercedes, меѓу април и јуни се продадени 154.100 возила (+11 проценти). За првото полугодие, резултатот се 317.500 возила и раст од 19 проценти. Новата генерација на CLA донесе пораст во минатото тромесечје од 31 проценти, за вкупно 21.700 возила.

Компактните СУВ-модели GLA и GLB во првото полугодие постигнаа соодветно 65.100 продажби (+19%), односно 74.700 продажби (+23%). Заедно со електричните модели EQA (+69%) и EQB (+125%), на компактните СУВ-модели отпаѓа повеќе од половина од продажбата од јануари до јуни. Уделот на батериските електрични модели во првото полугодие изнесува 15 проценти, наспроти 9 проценти лани.

Претходна објаваВозење SsangYong: Денес во Барово, утре на Охридско Лето
Следна објаваKia дополнително ќе го произведува електричниот EV9 во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here