Toyota Corolla е најпродаван модел на македонскиот пазар во март, со 42 продадени примероци и учество од осум проценти во вкупната продажба на нови патнички автомобили. Сметано од почетокот на годината, титулата на најпродаван модел во трите месеци е Kia Sportage со 74 испорачани возила.
Незначително зголемување на продажбата на нови патнички автомобили во март 2023, од два проценти. Поголем раст има кај доставните возила, коишто во третиот месец од годината напредувале за дури 41 проценти, во споредба со истиот месец лани.
Меѓу најпродаваните модели се среќаваат главно познати имиња на врвот на табелата, но вообичаено за македонскиот пазар, има и бројни изненедувања. Toyota Corolla се издвојува на првото место, со 42 продадени возила, што е речиси двојно повеќе во споредба со март 2022 година. Континуитетот ѝ донесе на Corolla место на втор најпродаван модел во првиот квартал, со 67 примероци.
Ново име меѓу десетте најпродавани модели е Renault Clio, на второто место, со 29 испорачани примероци. Францускиот модел беше на 9-то место во февруари. Високо на табелата се враќа и третиот најпродаван модел во 2022 година, Citroen C3. Во март, Автонова испорачала 26 примероци од моделот, односно вкупно 55 од почетокот на годината.
Kia Sportage во март се појавува на 4-то место, со 25 продадени примероци, но затоа ѝ припаѓа насловот на најпродаван модел на македонскиот пазар во првите три месеци од 2023 година, со 74 возила. Како вистински котира бестселерот се покажува во споредбата со Hyundai Tucson, којшто заостанува со 45 испорачани возила во март, речиси двојно помалку.
Volkswagen Polo и Skoda Kamiq се водечката двојка на Порше Македонија во март, на 5-то и 6-то место, со продадени 25, односно 24 примероци. Polo е освежувањето во Топ 10, додека Kamiq ја продолжува динамиката, откако во првите три месеци од годината постигна вкупно 53 продажби.

Уште едно изненадување е Fiat Panda, на седмото место, со 18 испорачани примероци. Местото со неа го делат Tucson и Skoda Fabia. Уште еден модел на Kia се придружува меѓу редовните имиња во Топ 10, кросоверот Stonic, со 12 продадени возила. Тој постепено го презема местото на појдовен модел на Kia, од Rio. Во статистиката за април е мошне извесно дека Stonic ќе се појави уште повисоко во табелата. Исто толку примероци се продадени и од кинескиот MG.
Мартовскиот извештај се заокружува со уште два модели на Skoda, со Octavia и Scala, двата со по 10 продадени примероци. За цел прв квартал, нивниот биланс се 28, односно 32 продадени возила.
Март ’23 |
Јан – март ‘23 |
Поз. март ’22 |
|
|
Toyota Corolla |
42 |
67 |
2 |
|
Renault Clio |
29 |
46 |
5 |
|
Citroen C3 |
26 |
55 |
3 |
|
Kia Sportage |
25 |
74 |
1 |
|
VW Polo |
24 |
– |
– |
|
Skoda Kamiq |
21 |
53 |
4 |
|
Fiat Panda |
18 |
– |
– |
|
Hyundai Tucson |
18 |
45 |
6 |
|
Skoda Fabia |
18 |
31 |
9 |
|
Kia Stonic |
12 |
– |
– |
|
MG ZS |
12 |
– |
– |
|
Skoda Octavia |
10 |
28 |
10 |
|
Skoda Scala |
10 |
32 |
8 |
Најпродавани марки патнички автомобили во Македонија во март 2023
- Škoda: 65 возила
- Toyota: 63 возила
- Kia: 43 возила
- Volkswagen: 39 возила
- Hyundai: 27 возила
Најпродавани марки доставни возила во Македонија во март 2023
- Fiat: 30 возила
- Citroën: 23 возила
- Renault: 19 возила
- Ford: 10 возила
- Peugeot: 10 возила
















