Land Rover Defender со мотор V8 и цела куќа на себе

Заедно со новиот Defender 130 Outbound, во понудата на иконскиот теренец доаѓаат Defender 130 V8 со 500 КС и пакетот за надворешност County, што се повикува на историјата.

Петстотини коњски сили, авантуристичка изведба и стилска изведба со елементи од историјата на моделот. Тоа се новините во гамата на Land Rover Defender.

Defender 130 Outbound е наменет за најголемите авантуристи во кругот на клиенти на Land Rover. Со овој модел се нудат дополнителни можности и простор за понесување товар и багаж, но со задржување на местото за пет патници.

Назад останува багажен простор од 1.329 литри, односно 2.516 литри со соборена клупа, со должина на подот од 1,27 метар. Тоа е повеќе од доволно простор и за нуркачка опрема и за опрема за качување.

Браниците и маската наменски се финиширани со мат лак, а исто и страничните отвори, за коишто е избрана нијанса на графит. Соодветно и тркалата од 20 инчи се изведени во сјајна црна боја. Како опција се нудат тркала од 22 инчи, лакирани мат. За клиенти што бараат заштита од гребаници, стои на располагање сатенски заштитен филм.

Луксузот е основна одлика на внатрешноста, со виндзор-кожа или скапо платно. Но, пак се внимава тој луксуз да не биде нарушен. При товарење на багажникот, подната облога се преклопува надолу, заради заштита на браникот.

Погонот на сите тркала на Defender е неприкосновен, вклучувајќи Terrain Response 2, активна пневматска суспензија со 430 mm опсег на работа и приспособлива програма за возење. Defender 130 Outbound може да влече приколка до 3 тони.

За погонот може да се избере бензинска изведба P400 или дизел D300. Двете погонски верзии работат како благ хибрид.

Defender 130 со осумцилиндарец со 500 КС и 610 њутнметри

Во гамата на Defender 130 доаѓа верзија со 5,0-литарски V8 со механички компресор, со 500 КС и вртежен момент од 610 њутнметри. Тоа се претвора во 5,7 секунди за спринт до темпо сто. Со тоа, верзијата со 8 седишта сега стои на располагање во вкупно три погонски изведби, заедно со P400 и D300.

Моќната верзија може да се нарача само во сива или црна боја, со издвоен издув, со сончев покрив и покрив во црна боја, V8 амблеми, матрични диодни светла со посебна дневна шема, како и тркала од 22 инчи во мат сива боја.

Новина за верзијата Defender 110 е надворешниот пакет County

За клиенти што бараат нивниот Defender 110 да поседува сопствен печат, на располагање стои County Exterior Pack. Тоа е пакет што се повикува на историскиот Defender County, со уникатни детали, но толкувани модерно.

Пакетот може да се нарача за S, SE и HSE нивоата на опрема. Главно обележје е графиката County по целата должина на каросеријата, заедно со осветлените нагазници. За тркалата од 10 инчи може да се избере бел финиш, да се совпаѓа со надворешните обележја на County.

Претходна објаваVolkswagen во Канада ја гради својата најголема фабрика за батерии
Следна објаваSkoda почнува сé од ново: Шест е-автомобили до 2026

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here