Mini им давал сладоледи на странските, но не и на домашните посетители на салонот во Шангај

Кинески корисници на интернет го обвинуваат BMW за дискриминација на салонот на автомобили во Шангај. Вработените на штандот на Mini на салонот им давале предимство на странските посетители при делењето бесплaтен сладолед.

Mini се извини за индицентот, и во објавата на својот официјален профил на Weibo, посочи дека проблемот бил предивикан поради слабиот внатрешен менаџмент и дека ќе ја подобри обуката на ангажираните лица.

Темата „BMW Mini“ стана втора најпребарувана тема на кинеската друштвена мрежа Weibo, со повеќе од 93 милиони прегледи. Се објавуваат и споделуваат слики и видеа, заедно со негативни коментари, за инцидентот за којшто локалните медиуми наведуваат дека се случил во средата.

Настанот е контроверзен поради фактот што BMW и останатите германски производители настапуваат во полн обем на салонот на автомобили во Шангај и се борат да ги следат пазарните трендови, во земјата во којашто домашните ривали агресивно им го земаат пазарниот удел.

https://twitter.com/Carver08825381/status/1648978221915058177?s=20

На едно од видеата се забележува дека двајца вработени Кинези на штандот им соопштуваат на локалните посетители дека бесплатниот сладолед се потрошил, за во следниот момент да му подадат сладолед на посетител од странство.

 

Претходна објаваДобрите нешта доаѓаат во пар: Електричен Niro и хибриден XCeed во понудата на Kia
Следна објаваJaguar Land Rover се преименува во JLR, се состои од 4 подмарки

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here