Рекламите на Fiat во италијанските дневни весници беа осмислени на тој начин што можеа да се искористат како хартија за завиткување.
Целта беше да се заштеди барем дел од 75-те илјади тони хартија, што само во Италија се искористуваат пред божикните празници за завиткување подароци. Хартијата потоа завршува во отпад.
Близу два милиони италијански читатели се одушевија од идејата и ги користеа рекламите на Fiat во весниците како хартија за да замотаат подароци.
Како докажани мајстори на сценариото, Fiat дополнително пушти повеќе видеа, во коишто на хумористичен начин се рекламираше користењето на рекламите како хартија за виткање подароци.
Видеата постигнаа вирален ефект во седум европски држави и на мрежите беа прегледани повеќе од четири милиони пати. За проектот наречен „Wrapping ads“, реклами за завиткување, Fiat повеќе од заслужено ја освои наградата „Interactive Key Award“. Станува збор за едно од најценетите одликувања во Италија во делот на дигиталното рекламирање.
















