Владата на САД го поттикнува купувањето електрични автомобили преку даночно ослободување во висина до 7.500 долари. Но, бројот на модели за коишто ќе може да се оствари оваа повластица се скусува значително.
Нема повеќе субвенции за електричните автомобили на BMW, Volkswagen, Nissan, Rivian, Hyundai и Volvo. Тоа го покажа списокот што во понеделникот го објавија Министерството за финансии и Даночната управа на САД.
Причина за тоа се новите услови што се однесуваат на потеклото на батеријата, коишто стапија на сила во вторникот. Според новите барања, за купувачите да добијат право на даночно ослободување за својот електричен автомобил, потребно е одреден удел од деловите во автомобилот да биде произведен во Северна Америка. Истото важи и за батеријата, односно се бара компонентите во батеријата и важните суровини да потекнуваат од САД или од одредени трговски партнери. На тој начин, меѓу другото треба да се намали и зависноста од Кина.
Во американскиот огранок на Volkswagen сепак се убедени дека ќе добијат субвенции за својот модел ID.4. Единствено се чека да пристигнат важни документи од некој добавувач. Субвенциите се дел од „актот за намалување на инфлацијата“, што вреди милијарди, и со когошто владата на Џо Бајден има намера да ја зајакне домашната индустрија.
US🇺🇸
Here are the EVs that qualify for Inflation Reduction Act's tax credits
THESE ELECTRIC VEHICLES ARE ELIGIBLE FOR EITHER A FULL $7,500 CREDIT OR A PARTIAL CREDIT OF $3,750 UNDER THE TOUGHER ELIGIBILITY RULES.
April 17, 2023 10:00 AM pic.twitter.com/H37ueCoQ88— Berlinergy (@Berlinergy) April 17, 2023
За целата висина на премијата, во вредност од 7.500 долари, во моментов се квалификуваат само десет модели. Тие потекнуваат од големите американски концерни General Motors и Ford, како и од Tesla и Stellantis.
Има непријатни вести и за Tesla. Министеството за финансии ја преполови премијата за стандардната изведба на продажниот хит Model 3, којашто сега изнесува 3.750 долари.
















