Веднаш по Lexus: Kia ги има најиздржливите автомобили според JD Power

Во првите три години по купувањето, сопствениците на Kia имале помалку проблеми со своето возило, во споредба со возилата од друите големоволуменски марки. Тоа го покажува редовното истражување на JD Power, како едно од најверодостојните мерила за квалитетот на изработка.

Американскиот огранок на Kia ги има најиздржливите и највалитетни автомобили според студијата за надежноста на возилата во САД, спроведена од институтот JD Power. Тоа е веќе трета година во низа, Kia да биде на врвот на оваа листа што им користи на многумина да се решат за изборот на својот иден автомобил.

Врвниот пласман на Kia е резултат од тоа, што сопствениците на возила од марката, пријавиле најмалку проблеми и недостатоци во првите три години. Вкупната победа како големоволуменска марка ѝ ја донесоа одделните победи на моделите, Forte (компакт класа), Optima (средна класа) и Sportage (компакт СУВ), коишто се соодветно на врвот во своите сегменти.

„Едно е Kia да се рекламира дека е најнадежна марка во светот, но друго е кога организација каква што е JD Power ќе го признае тоа“, изјави Шон Јун, претседател и извршен директор на Kia во Северна Америка. „Тоа што три години сме именувани како врвна големоволуменска марка, најдобро сведочи дека нашите клиенти од прва рака го потврдуваат искуството со нашите производи.“

Студијата се заснова врз бројот и видот на проблемите што сопствениците на возила стари три години ги пријавиле во изминатите 12 месеци. Од тоа се одредува индексот на надежноста, односно бројот на проблеми на секои сто возила (PP100).

JD Power анализираше 30.062 прашалници и оценуваше како моделите стари три години се однесуваат во моментов го поглед на квалитетот, замената на делови и задоволството на клиентите.

Даг Бетс, претседател на автомобилскиот огранок на JD Power во светски рамки кажува: „Освојувањето на титулата на најиздржлива големоволуменска марка трета година во низа, а покрај тоа и освојувањето награди за Kia Sportage, Kia Forte и Kia Optima, кажува дека Kia го слуша гласот на клиентите и им ја дава надежноста што тие ја бараат.“

Вкупно се земаат предвид 184 видови проблеми во девет главни категории: Клима, системи за асистенција, чувство во возење, надворешност, ракување и дисплеи, инфо-забавен систем, внатрешност, мотор и седишта.

Претходна објаваНа новата верзија на Toyota Highlander ѝ се гледа зошто е Grand
Следна објаваИзбор на читатели на auto motor und sport: Ако не е германска, тогаш Alfa Romeo

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here