Mercedes-Benz отвори станица со полначи за електрични камиони

Во градот Верт на Рајна, во близина на фабриката во којашто се произведува премиум-камионот Mercedes-Бenz Actros и неговиот електричен пандан eActros, пуштена е во работа станица со полначи за електрични камиони. Дел од полначите испорачуваат енергија што е произведена со фотоволтаичките колектори на дел од покривот на станицата.

Mercedes-Benz Trucks, заедно со својот партнер во проектот и инвеститор, компанијата Netze BW, денес ја пушти во работа станицата со полначи за електрични камиони. Таа се наоѓа во непосредна близина на центарот за клиенти BIC, во германскиот град Верт на Рајна. Клиентите со електрични камиони, можат на оваа станица што се води под името eTruck Charging Park, да испробуваат полначи и концепти на полнење од различни производители. Експертите на Mercedes-Benz Trucks потоа изработуваат решенија за полнење што точно се проектирани според условите на примена на клиентот. Целта на проектот е на клиентите да им се поедностави преоѓањето на електричен погон.

Производителот на овој начин им нуди на своите клиенти и електрични возила, но и решение за полнење на батеријата на истите, по претходно советување и избор на најдоброто решение.

Во првиот чекор, eTruck Charging Park располага со шест полначи од различни производители, со моќност од 40 kW до 300 kW. Бидејќи технологијата на полначите се развива брзо, предвидено е полначите во паркот лесно да се заменуваат и да се додаваат нови. Следен чекор е поставување полнач MCS (Megawatt-Charging-System). Како што кажува името, тоа ќе биде полнач со моќност над 1 мегават. За споредба, полначите што ЕВН ги има поставено во Македонија пред близу една деценија, располагаат со моќност од 22 kW.

https://photos.app.goo.gl/zF2fDEhoFZ6Q8AteA

Достапноста на различни решенија за полнење им нуди на клиентите можност да споредуваат и да изберат. Клиентите ќе можат на станицата да се запознаат и со теми како поврзување со мрежата, локално производство на енергија, чување на енергијата и интелигентно управување со полнењето. Сето тоа се прави со цел клиентите да добијат точна претстава за тоа колку им се намалуваат оперативните трошоци со електричниот погон. На дел од покривот се поставени фотоволтаички панели за производство на електрична енергија, така што и тој аспект е покриен на станицата.

Дел од станицата е камион Mercedes-Benz eActros 300/400, што клиентите можат да го тестираат и да се уверат во досегот, времето за полнење и потрошувачката на енергија.

https://photos.app.goo.gl/9JYobkfjHfoZBRBZ6

https://photos.app.goo.gl/toFM9ZsWHrFjkVvT7

https://photos.app.goo.gl/tbSEDCSkHkEAxsp8A

https://photos.app.goo.gl/SndJ6phdbPjLDrma6

https://photos.app.goo.gl/5mRVH6ahryLqWC2s8

https://photos.app.goo.gl/t6u5UF23DzdbjMmDA

https://photos.app.goo.gl/iYJc1iXufHGvuwhp8

https://photos.app.goo.gl/i9ToBViqcsNsswxt5

Чоколадите Ritter Sport се возат со електричен Mercedes eActros

Претходна објаваOpel Astra и во новата генерација е икона на тјунингот
Следна објаваТест · Opel Astra Ultimate 1.5 Diesel: Родена под среќна ѕвезда

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here