Jaguar F-Pace во победничката боја од Леман во 1988 година

Ексклузивниот F-PACE SVR Edition 1988 е прва серија во ограничен број примероци од спортскиот СУВ, којашто е создадена од одделението за изработка по нарачка SV Bespoke. Вкупно ќе се изработат само 394 примероци.

Примероците од серијата Edition 1988 на Jaguar E-Pace SVR се препознаваат по каросеријата во боја на аметист и со посебен сјаен ефект, по тркалата од 22 инчи во шампањ-златна боја и по деталите на каросеријата и во кабината во сатен-златна боја. Сето тоа е заокружено со плочка преку којашто возилото се идентификува како „One of 394“.

Серијата е изработена во чест на победата на Jaguar XJR-9 LM на 24 часа Леман во 1988 година. Истата инспиација важи и за бројот на примероци во серијата, 394 возила за 394-те извозени кругови на XJR-9 LM на најпознатата тркачка патека во светот.

Откако стартуваше со продажбата во 2019 година, Jaguar F-PACE SVR се докажа на сцената како еден од најдинамичните модели во сегментот, така што преземањето на честа, токму F-Pace да потсети на победата во 1988 година, се совпаѓа со имиџот на моделот. Одделението за специјални нарачки SV Bespoke првпат работеше на F-Pace. Британците очекуваат дека тоа ќе биде најценетиот F-PACE SVR досега.

F-PACE SVR е најмоќниот СУВ на Jaguar. Моторот е 5,0-литарски V8 со компресорско натполнење и 550 КС. Спринтот до темпо сто трае четири секунди, крајната брзина изнесува 286 km/h.

Цената на специјалниот модел во Британија изнесува 101.550 фунти.

https://photos.app.goo.gl/zY2Wxuz9xYtPgtsY7

https://photos.app.goo.gl/GVoiNYTTTxy1MFzM7

https://photos.app.goo.gl/7TPLvcGhdwbjp9m17

https://photos.app.goo.gl/VPbsnztmevmCp6gs8

https://photos.app.goo.gl/E5G9e64yGcTkpV3k6

Претходна објаваOpel Corsa-e најпродаван електричен автомобил во Германија
Следна објаваBMW M2 ќе биде последен модел на M GmbH без електромотор во погонот

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here