Mercedes-AMG A 45 и CLA 45 во посебна изведба за 55 години AMG

Вкупно шест модели ѝ припаѓаат на специјалната серија „Edition 55“ за одбележување на јубилејот на AMG. Покрај A 45 AMG и неговата уште поекстремна варијанта „S“, во чест на марката од Афалтербах возат уште купе лимузината AMG CLA 45 и CLA 45 S, како и нејзините купе-комби изведби.

Моделите од посебната серија „Edition 55“ се препознатливи по космос црната металик боја или по дигиталната бела металик боја. На каросеријата се поставени и налепници во „борбените бои“ на AMG. Појавата буквално ја заокружуваат ковани тркала од 19 инчи со вкрстени двојни краци, во титан сива боја. Серијата ќе биде достапна до декември.

Специјалните модели располагаат со аеродинамичен пакет AMG, којшто се состои од преден браник со поголем сплидер и дополнителни перки, со заден спојлер AMG, странични рабови на задниот браник и задолжителниот Diffusor Blade. Сите овие компоненти се лакирани во црна сјајна боја. Додатоците се развивани во аеротунел и ги подобруваат возните својства при високи брзини.

Динамичната појава на моделите „Edition 55“ ја нагласуваат AMG Night-Paket II, со сите посебни обележја на AMG лакирани во црна сјајна боја, вклучувајќи ги праговите и ламелите во отворите за воздух во предниот браник. Издувните цевки се темно хромирани, а исто и стаклата се затемнети.

https://photos.app.goo.gl/WHg46fT9xQ8Xv6zP6

Во внатрешноста владее контрастот меѓу црната и црвената боја. Спортските седишта AMG се обложени во црвена и црна боја. Воланот обложен со микрофибер DINAMICA носи плочка „Edition 55“ и црна ознака за 12 часот. Името AMG во плочките на праговите е осветлено во црвена боја.

Тоа што е посебност на секој CLA и CLA Shooting Brake: Дизајнер на двата модели е Славче Таневски.

Ексклузивните модели во германскиот ценовник чинат доплата од 12.614 евра над „стандардните S-варијанти, односно 14.280 евра за основните варијанти.

https://photos.app.goo.gl/Dv9YQUySkD7w8FVYA

https://photos.app.goo.gl/Yb484Z9QiVukGV289

https://photos.app.goo.gl/kbvePFFsXARCXzcH8

 

Претходна објаваЕУ не сака нови автомобили на фосилни горива по 2035 година
Следна објаваМотоспортот е стогодишна традиција во Audi

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here