Диселдорф не издава регистерски ознаки со буквата Z

Во германскиот град Диселдорф е исклучена можноста да се добие регистерска ознака со буквата Z. Причината е во тоа што Z е знак за поддршка на Русија во војната во Украина и со беа се обележуваат руските тенкови и воени возила. Буквата наводно означува „За победу“.

Веста е официјално пренесена од германската новинска агенција dpa и во истата се пренесува изјавата на Михаел Раутекус, службеник за граѓански услуги во Диселдорф: „Главниот покраински град Диселдорф, со блокирањето ја спречува можноста за симболично поддржување на инвазијата во Украина на улиците, преку регистерските ознаки.“

Забраната важи само при нарачка на регистерска ознака што ја содржи буквата Z сама, додека комбинациите со другите букви и натаму се достапни. Од почетокот на април, во округот Херфорд во Северна Рајна – Вестфалија исто така не се издаваат регистерски ознаки што ја содржат буквата Z.

Во Германија постојат законски одредби, со кои општо се забрануваат ознаки со непримерна содржина, но не се наведуваат конкретни комбинации. Ограничувањата се воведуваат на ниво на округ и град. Во земјата сепак се забрануват означи што се повикуваат на националсоцијализмот. Тоа се ознаките „NS“ (национал социјализам), „SS“ (шуцштафел), “KZ” (концентрационен логор), “SA” (штурмабтајлунг).

Претходна објаваНе мрзне водата во водородната Toyota Mirai
Следна објаваMercedes-Benz EQS е најдобар луксузен автомобил во светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here