Porsche го подржува производството на е-горива

Фабриката за е-горива на Porsche, во Чиле, којашто се снабдува со енергија од ветерни турбини

Германската спортска марка Porsche вложи 75 милиони долари во HIF Global LLC, холдинг што развива постројки за производство на е-горива. Компанијата со седиште во Сантијаго де Чиле моментно гради пилот-фабрика за е-горива во Пунта Аренас во Чиле.

Под иницијатива на Porsche и во партнерство со Siemens Energy и ExxonMobil, во Чиле моментно се гради постројка за производство на е-горива, којашто се очекува да започне со работа кон средината на годинава. Горивото се произведува од водород и од јаглероден диоксид, со користење на енергија произведена од ветрот. Користењето на е-горивата во моторите со внатрешно согорување постигнува речиси неутрален биланс во поглед на емисијата на СО2.

Покрај Porsche, во HIF Global LLC инвестираат и чилеанската компанија Andes Mining & Energy (AME), како и американските EIG, Baker Hughes Company и Gemstone Investments. Вкупната инвестиција изнесува неколку стотини милиони евра. Сопственик на главнинскиот удел во HIF Global LLC е AME. Дополнителниот капитал ќе се користи за развој на постројки за индустриско производство на е-горива во Чиле, САД и Австралија. Суштинска за производството на е-горива е достапноста на енергија од обновливи извори.

Синтетските горива се интересни и за автобилската индустрија, но и за аеронаутиката и за бродскиот транспорт. Покрај тоа е-метанолот е важна суровина за други примени, на пример како замена за суровините од фосилно потекло во хемиската индустрија. Е-метанолот е меѓупроизвод што се добива при производството на е-горива.

Porsche подолго време работи на замена на горивата од фосилно потекло и се вбројува меѓу пионерите на технологијата на е-горива. Целта е тие горива во почетокот да се користат во мотоспортот, а следен чекор може да биде точење на горивото при излез на произведените автомобили од фабрика. Горивото може да биде достапно и на сопствените тркачки патеки на Porsche.

Претходна објаваЕлектричниот Fiat 500 стартува со продажба во Јапонија
Следна објаваНа Хунгароринг викендов почнува сезоната на Twingo Cup

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here