Звучници Lamborghini се изработени од карбон и чинат колку Golf

Изгледот на оваа чудна направа, што може комотно да се вклопи во амбиентот на дневниот салон, потсеќа непогрешливо на Lamborghini. Поточно, изгледот потсеќа на опаш на Aventador и на генерации модели од Сант Агата. Направата е докинг станица со име Esavox и доволно е да се додаде мобилен телефон, за таа да почне да пушта звуци, производ е на iXoost и во изработката се користат истите техники како за Lambo. Соодветно на тоа се движат и цените.

Докинг станицата Esavox е инспирирана од највпечатливите детали во изгледот на суперспортските автомобили на Lamborghini. Монокок куќиштето е од карбон и печено е во автоклава под притисок од 6 бари, исто како основниот дел на каросериската структура на Lambo. Уредот поседува и оригинален издувен систем од италијанските автомобили, на којшто му е додаден варијабилен отвор, којшто служи за регулирање на притисокот што се создава во сабвуферот. Се користи пасивна амортизација за вибрации, плус целата станица е поставена на керамички држачи во форма на конус што се местат по висина. Карбонот и бројни оригинални делови од автомобилите на една од најценетите марки во светот, соединети во докинг станица што дополнително нуди и беспрекорен звук.

Ексклузивниот аудио уред со голем шоу ефект, изработен е во соработка со iXoost, италијанска компанија што во своето портфолио нуди уште неколку необични и прескапи звучнички системи.

Секако дека изработката е 100% рачна и дело е на врвни занаетчии.

Основни технички податоци · iXoost EsaVox Lamborghini

https://photos.app.goo.gl/ZxhH4Z51UBLgrERW6

Виртуелен систем 6.1-Surround

Bluetooth® 4.0

Аналоген влез

aptX® decoding

DSP 24 bit ADC/DAC OUTPUT- 800 W

Димензии 125 cm x 65 cm x 50 cm

Тежина ca. 53 kg

  • Произведено во Италија
  • Опремено со оригинално копче за старт на Lamborghini
  • Опремено со оригинална декла за издувниот систем на Lamborghini
  • Се нуди во четири бои: Црвена, жолта, портокалова, црна

„Најзабавниот“ дел … Цена: 24.278,00 €

Претходна објаваToyota GR Corolla: Од дома право на трка
Следна објаваНорвешка за три месеци регистрирала нови 26.800 електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here