Три автомобили во различна моделска изведба и во различна боја на каросеријата изложени во салонот, ефектни говори на дамите од маркетингот и ПР-от на Opel во Македонија, заокружено со детална презентација на продукт менаџерот за Opel, сето тоа говори дека оваа марка е голема на македонскиот пазар, а посебно кога станува збор за СУВ-моделите.
Grandland е стратешки важен модел на Opel, што ја поврзува сегашноста на марката со шампионските Corsa и Mokka, со богатата традиција на марката, за којашто македонската автомобилска сцена е наполно свесна. Frontera во 1990-те беше меѓу најомилените модели на германската марка, и во тогаш новиот СУВ-сегмент, беше исто толку моќна, колку што купето Calibra беше моќно во градењето на имиџот на целата марка. По двете успешни генерации на Frontera следеше Antara, што во основата беше модел на Chevrolet. Секако, тоа е фамозната Chevrolet Captiva, што на македонскиот пазар – и не само тука – се продаваше фантастично. Несомнено еден од историски најуспешните модели на македонскиот пазар.
Поглавјето со Chevrolet (реално Daewoo) и со американскиот General Motors е завршено веќе со години. Тоа што досега го имаат покажано новите поколенија модели на Opel, а тоа се Corsa и Mokka, во продажбата и во реакциите во стручната сфера, сигурен знак е дека Opel се враќа на старата сила.
https://photos.app.goo.gl/fJzPB67kak53yf2x5
Во светнатиот амбиент во салонот на увозникот Еуроимпекс за марката Opel, што се наоѓа во Карпош, спроти „воена болница“, македонска премиера доживеа освеженото моделско годиште на Grandland, кусо по почетокот на испораката на моделот на главните европски пазари. По најавата од менаџерката за медиуми и односи со јавност Ана Јовановска, која го претстави моделот како „не-типичен„ и “SUV со кој можете да имате се“, кусо претставување за брендот и за новиот салон на Opel даде маркетинг менаџерката и заменичка извршна директорка на Еуроимпекс Ивана Манчева Михајловска. која изјави: „Во автомобилската индустрија минуваме низ турболентен период, меѓутоа – што се однесува до Опел брендот, заедно со нашите ценети продажно сервисни дилери Аутомакедонија од Скопје и АутоЦем од Тетово, работиме во насока на претставување на новиот пристап на Опел брендот, новата стратегија, новите модели и кон освојување на нови клиенти.“
По процесот на детоксификација, Опел брендот денес има нов линк (што и можете веднаш да забележите и од изложените возила надвор) а и имаме и нов таргет на публика кон која се обраќаме. Но и покрај тоа, Опел не ја менува својата ДНК: тој е доверлив модерен германски бренд, технолошки напреден и со чист и прецизен дизајн
Ивана Манчева Михајловска, маркетинг менаџерка и заменичка извршна директорка на Еуроимпекс
https://photos.app.goo.gl/PvZ2NBzNhCrW1diYA
Продукт менаџерот за Opel, Драган Јовев, ја започна својата презентација и изјави: „Ова ни е втора промоција откако Opel направи едно големо RESET-ирање од COLD во COOL и враќање кон својата изворна ДНК: германски, модерен, возбудлив и пристапен. Овие ДНК вредности се вткаени со секој производ што излегува од Opel и го демонстрира нашето тежнеење кон квалитет, беспрекорно прецизен и чист дизајн, интуитивен ентериер, активна удобност на возачот, возење кое го ангажира возачот и корисни иновации кои се достапни на сите клиенти. Овие ДНК ги има нашиот претставник во SUV – C сегментот базиран на “multi-energy” EMP2 платформата на Stellantis – новиот Opel GRANDLAND.“
Ана Јовановска, менаџерка за медиуми и односи со јавност на Еуроимпекс
https://photos.app.goo.gl/xCcyJ2hoPg4pDf327
Новиот Grandland излегува од производната лента во фабриката во Ајзенах, Германија. Понудата на македонскиот пазар започнува од 25.390 ЕУР со турбобензиски мотор 1.2 со 130 КС и ниво на опременост “Grandland”.
Драган Јовев, продукт менаџер за Opel
https://photos.app.goo.gl/mLWNnyF8dEc7Fksf9
Во целата таа германска еуфорија, посетителите имаа можност да ги погледнат и останатите актуелни модели во гамата кои беа уредно изложени пред самиот салон: Opel Corsa, Новиот Crossland, Новата Mokka и секако промотивниот модел – Новиот Opel Grandland.
Повеќе информации за моделот можат да се добијат на веб страната opel.mk и на дилерските страници.
https://photos.app.goo.gl/hmT4V6nNbJqSLUFZ7
https://photos.app.goo.gl/Whi8qZ2RtegobxUQ7
https://photos.app.goo.gl/fYiR6TttzRBHbKH3A
https://photos.app.goo.gl/2H3P813ow1Vmizvf9
https://photos.app.goo.gl/RqJkXEBRWWmiKu3R6
https://photos.app.goo.gl/1Hn9sGGEfxBJKH9g9
https://photos.app.goo.gl/5DoBJctp5hSjWmiB6
https://photos.app.goo.gl/hhpcLbkdybo8v7Sh6
https://photos.app.goo.gl/MyGwPUC1gbnbQDpJ6
https://photos.app.goo.gl/KgYxTbsJcFt4W3e97
https://photos.app.goo.gl/CNsSMDzuovs5M5FM6
















