Ричард Њумен е победник во натпреварот за дизајн на Lexus. Во натпреварот во којшто се бара најдобар дизајн од иднината, победи неговиот Alto, лично летечко возило од иднината, што личи на топка.
Делото на младиот дизајнер Ричард Њумен е избрано меѓу шесте финалисти во програмата „Lexus 2040: the Soul of Future Premium.“ Во проектот што се реализира во соработка со прочуениот Кралски колеџ за уметност во Лондон (Royal College of Art – RCA), учествуваат дипломци од Центарот за дизајн на интелигентна мобилност IMDC. Предизвикот за дизајнерите е да се осмислат нови архитектури на возило, коишто ќе излезат во пресрет на промените во животот во европските градови, како и да ја толкуваат улогата на Lexus во својство на луксузна марка за мобилност.
Alto е возило од типот VTOL (vertical take-off and landing) со погон на водород, со форма што е инспирирана од балоните на топол воздух и од вивариумите. Според замислата на Њумен, високата технологија во иднина нема да биде луксуз, туку ќе претставува дел од секојдневието. Неговото возило е „накит на небото – како обетки на облаците“. Надворешноста може да се дотера по свој вкус. Во дизајнот е предвидена и можност за припојување на страничните фасади на објектите.
Сакав да создадам нешто што ќе се разликува и ќе предизвика подигнување на веѓите, но во исто време ќе ги насмејува луѓето
Ричард Њумен, дизајнер на Alto
https://photos.app.goo.gl/oeJoyiVa4Do4d7QA9
Шестмесечната програма се одвиваше под менторство на Јан Картабијано и Ленс Скот од ED2, европското студио за дизајн на Lexus, заедно со професор Дејл Харлоу, претседател на IMDC и др. Крис Торп, раководител на програмата за интелигентна мобилност на RCA. Во состав на жирито влегуваат уште авторот и коментатор Нарџис Бенкс и високи претставници од менаџментот на Lexus Europe.
Дизајнерите ги претставија своите дела лично пред жирито, на свеченост во IMDC на 15-ти март. Награди освоија уште Женју Конг (Кина) за „Lexus #Units“ и Бен Милер (Канада) за „Crucible”.
https://photos.app.goo.gl/xrhcG5z5NxgVLs949
https://photos.app.goo.gl/xbRssfypLHB8m1717
https://photos.app.goo.gl/gazdoUTXGtS5L6HK9
https://photos.app.goo.gl/FsYoF9BtS3X3y6vH7
https://photos.app.goo.gl/1oK4KvmFwjW7PuvA6
https://photos.app.goo.gl/FqFGwYP9vxE5HasN9
https://photos.app.goo.gl/yzkNotfiMxozmCJ28
https://photos.app.goo.gl/oSJXhetAR8EwSUgo7
















