Традиција на добар дизајн: EV6 ѝ донесе уште еден Red Dot на Kia

Носителот на титулата на Автомобил на 2022 година во Европа стана носител на уште една титула, покрај тоа што е автомобил со најдобар дизајн во годинешните Red Dot Awards, Kia EV6 победи и во категоријата на најновативни производи.

Ова е вкупно 27-ма победа на Kia во рамките на наградите за Red Dot, најпознатиот и најценет настан од областа на дизајнот во светот. Новата титула следи кусо по именувањето на Kia EV6 за Автомобил на 2022 година во Европа. Кросоверот на корејската марка сега е прогласен и за вкупен победник на годинешните Red Dot Design Awards.

Ценето жири сочинето од 50 врвни експерти, чијшто гласови стојат зад изборот за најдобро дизајнираните производи во светот, вклучувајќи ги автомобилите, го избра EV6 годинава да биде носител на титулата на најдобар автомобил. Наградата кажува недвосмислено, „Red Dot: Best of the Best“, за електричниот кросовер. Заедно со победата во општа конкуренција, Kia EV6 победи и во категоријата за најиновативен производ.

Првиот електричен модел на Kia што е конструиран врз засебна платформа, EV6 ја покажува насоката во којашто корејскиот производител ќе продолжи да се развива, за да стане водечки понудувач на секакви услуги на мобилност – со нулта емисија на СО2. Кросоверот е конструиран раководејќи се според новата дизајнерска филозофија „Opposites United“ на Kia. Таа, главно се заснова на моќна препознатливост, придружена со контрасти меѓу остри стилски елементи и скулптурирани форми.

Платформата E-GMP (Electric-Global Modular Platform) овозможува просторна кабина, досег на струја од 528 километри, можност за 800-волтно полнење што дозволува батеријата да се наполни од 10 до 80% за само 18 минути.

Карим Хабиб, главен дизајнер на Kia: „EV6 е посебно важно возило за марката Kia, бидејќи тоа е најшиот прв целосно посветен електричен автомобил, со нашата најдобра технологија за новата ера. Нашата амбиција е да продолжиме да ги поместуваме границите на автомобилскиот дизајн и им да додаваме дополнителна суштина на производите, со инвентивен, нагласен и напреден дизајн.“

Седум денови во Kia Sportage: Први впечатоци

Претходна објаваPeugeot 208 и 308 победија во избор за најдобро возило за фирма
Следна објаваЛетечка топка како превозно средство ја освои наградата за дизајн на Lexus

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here