Репортер на локалната телевизија KTNA доби најверодостоен доказ за опасната крстосница во јужниот дел на калифорнискиот град Лос Анџелес. Додека зборуваше за честите незгоди што се случуваат на местото, директно пред камера се случи сообраќајна незгода.
Репортерот Џин Канг, од локалниот телевизиски канал KTLA, штотуку го имаше почнато своето известување за случајот на тешка незгода со кобни последици, по којашто виновниот возач побегнал, кога директно на крстосницата се случи токму тоа – судир меѓу две возила и бегство на возачот од местото на незгодата.
Канг известуваше од крстосницата меѓу Хувер и 84-та улица, на којашто двојно е зголемен бројот на незгоди, од почетокот на пандемијата. Камерата во тој момент точно го улови судирот меѓу две лимузини, по којшто еден од возачите побегна. Сето тоа беше мошне вешто уловено од камерманот.
Телевизиската екипа потоа повикала 911, за по пристигнувањето на полицијата да се испостави постоење сомнеж, дека побегнатиот возач всушност бегал од претходно извршено криминално дело. Нема повредени во судирот.















