Kia EV6 е носител на престижната титула на автомобил на годината во Европа. Во борба за титулата, кросоверот што се произведува само во електрична изведба, ги победи Hyundai Ioniq 5, Ford Mustang Mach-E, Peugeot 308, Škoda Enyaq iV, Cupra Born и Renault Mégane E-Tech.
Спојот меѓу досег што е споредлив со автомобилите со обичен погон и можност за исклучително кусо времетраење на полнењето, при користење посебно моќни полначи, ѝ донесе титула на Автомобил за 2022 година на Kia EV6. Кросоверот постигнува досег до 528 километри, а полнењето од 10 до 80% може да трае само 18 минути.
Во изборот за Европски автомобил на годината (European Car of the Year, COTY) решаваат гласовите на 61 член на жирито, врвни и почитувани автомобилски новинари од 23 европски држави.
Изборот на седумте финалисти беше направен во номеври. Шест од моделите се чисто електрични модели, единствено Peugeot 308 се нуди со сите погонски изведби, а од следната година и тој ќе биде достапен во чисто елеткрична верзија. На тој начин жирито даде силен знак дека светот на автомобилите се движи забрзано во ерата на електромобилноста.
Седумте финалисти ги освоија следните гласови:
- Kia EV6 · 279
- Renault Mégane E-Tech Electric · 265
- Hyundai Ioniq 5 · 261
- Peugeot 308 · 191
- Škoda Enyaq · 185
- Ford Mustang Mach-E · 150
- Cupra Born · 144
Џејсон Јеонг, претседател на Kia во Европа, коментираше: „Голема чест е победата во изборот за Европски автомобил за 2022 година на EV6, прва Kia во историјата што ја освојува оваа престижна награда.“
















