BMW е поголем извозник на автомобили од САД отколку General Motors

Групацијата BMW осум години во низа е на врвот на најголеми извозници на автомобили од САД, според вредноста на извозот. Лани од Спартанбург биле извезени 257.876 возила во вкупна вредност од преку 10,1 милијарди американски долари.

Автомобилите на BMW што се произведуваат во Спартанбург, во американската сојузна држава Јужна Каролина, се извезуваат во 120 држави. Возилата ги напуштаат САД главно од пристаништето во Чарлстоун, како и преку пет други пристаништа на југоистокот. Железница ги превезува возилата за канадскиот пазар.

Петте најголеми извозни пазари за „американските“ автомобили на BMW се Кина (24,1% од извозот), Германија (12,3%), Јужна Кореја (9,4%), Канада (5,6%) и Велика Британија (5,4%).

Во минатата година во Спартанбург биле произведени рекордни 433.810 возила од семејството X на BMW. Од оваа продукција, во САД се продадени 179.840 возила, што одговара на 53,4% од продажбата на марката BMW во земјата. Најпродавани модели се BMW X3 и BMW X5.

Групацијата има вложено близу 12 милијарди долари во оваа фабрика што е изградена во 1992 година. Тоа е најголема фабрика на BMW во светот, со дневна продукција од преку 1.500 возила. Од фабриката излегуваат петте најпродавани X-модели на BMW, четири X-модели со знак на M GmbH и два модели со приклучен хибриден погон. Капацитетот е 450.000 возила годишно, фабриката вработува над 11.000 лица.

>>> BMW XM е параден коњ за моделот за 50 години M GmbH

Целата моделска понуда на BMW на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Претходна објаваСамо електрични возила од Цвикау: Volkswagen стартува со ID.5
Следна објаваЈа видовте рекламата за Toyota Tundra со Џоунсови?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here