Само електрични возила од Цвикау: Volkswagen стартува со ID.5

Растат бројките на електричните автомобили на Volkswagen, буквално растат. Прв беше ID.3, кусо по него следеше ID.4, сега продолжува ID.5. Цвикау е првата фабрика во светот што целосно се има префрлено од возила со мотор со внатрешно согорување на возила со електричен погон.

Volkswagen масовно произведува електрични автомобили насекаде ширум светот. Годинава се придружуваат уште германските фабрики во Емден (ID.4) и Хановер (ID.Buzz), како и фабриката во Чатануга, САД (ID.4). Со стартот на производството на Volkswagen ID.5, сега од фабриката во Цвикау излегуваат шест модели автомобили со електричен погон, вклучувајќи ги и моделите на Audi и Cupra.

Исполнет е планот на германската марка, во 2022 година да бидат произведени 1,2 милион електрични автомобили врз платфодмата MEB во фабриките во Европа, САД и Кина. Во рок од само 26 месеци, фабриката во Цвикау реализираше старт на производство на шест модели со електричен погон од марките Volkswagen, Audi и Cupra (Volkswagen ID.3, ID.4, ID.5, Audi Q4 e-tron и Q4 Sportback e-tron, Cupra Born). Со капацитет за 300.000 возила годишно, Цвикау е најголема фабрика за електрични автомобили во Европа.

Во Цвикау некогаш се произведуваше Trabant

https://twitter.com/KenMSweeney/status/1493867087340707840?s=20&t=R6l4DjmN88rfPnS-d-Bxew

По Стаклената Мануфактура во Дрезден, Цвикау е втора фабрика на Volkswagen што произведува исклучиво електрични автомобили. За таа цел се вложени 1,2 милијарда евра од 2018 година до денес. Се користат интелигентни роботи што работат според Индустрија 4.0, како и самостојно управувани транспортни системи во коишто не се ангажирани луѓе.

Лани во групата фабрики што спаѓаат во Volkswagen Sachsen (Дрезден, Цвикау и Хемниц) биле произведени 180.000 електрични автомобили, годинава ќе бидат многу повеќе

Најмногу е инвестирано (40%) во изработката на каросерии, со степен на автоматизација од 90% и со вкупно 1.625 роботи. Исто е автоматизирана и монтажата, со степен од 28 проценти, двојно повеќе од претходно. Луѓето се заменети со роботи главно во монотоните работни места со повторени движења и во напорните работи, на пример на места на коишто се работи со раце подигнати над рамењата или над глава.

>>> Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Целата моделска понуда на Volkswagen на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Претходна објаваFiat е 100% под напон: Хибрид во 500X и Tipo
Следна објаваBMW е поголем извозник на автомобили од САД отколку General Motors

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here