Третина од продажбата на Volvo се електрични и хибридни автомобили

Volvo во јануари продал 47.561 автомобил, со удел од 30 проценти на возилата со електромотор во погонот. Продажбата се намалила за 20% во споредба со истиот месец лани, единствено поради недостигот од полупроводници. Интересот на купувачите останува на високо ниво.

Автомобилскиот пазар не е единствен, каде што вообичаените рутини и правила се сменети со нови и непредвидливи ситуации. Пример за тоа имаме токму во Македонија, каде што Volvo моментно испорачува повеќе XC90 и XC60 од повеќето конкуренти во премиум сегментот. Роковите на испорака за моделите од шведската марка се најкуси во бизнис мрежата во којашто припаѓа македонскиот Volvo. Според последните информации, рокот за испорака за XC90 изнесува само три месеци, што е шампионски кусо време во моментов додека владее недостиг од полупроводници.

Во меѓувреме, од седиштето во Гетеборг јавуваат дека проблемот со кусокот од чипови, со којшто целата бранша се соочува, полека почнува да попушта, но во претстојниот период уште мора да се смета на продолжени рокови на испорака на новите автомобили.

Расте продажбата на електрични и хибридни модели на Volvo, коишто се водат како дел од фамилијата модели Recharge. Во јануари се продадени за 11,5 проценти модели со електрифицирана спрега. Уделот на Recharge-моделите изнесува 31,7 проценти вц светски рамки. Двојно е зголемена продажбата на модели со чисто електричен погон. Нивниот удел изнесува 6,6 проценти од продажбата.

Европскиот пазар забележал пад од 24,8 проценти во јануари, со вкупно 18.691 продадени возила. Моделите Recharge тука учествуваат со дури 53,1 проценти. Во Кина, пазарот се смалил за 23,6 проценти, на вкупно 14.629 возила. САД регистрирале 7.110 автомобили во Јануари, што е за 12,8 проценти под нивото од јануари лани.

Најпродаван е СУВ-моделот од средната класа Volvo XC60, со 14.516 примероци (2021: 17.053 примероци), пред XC40 со 12.286 примероци (2021: 17.770) и луксузниот XC90 со продажба од 7.243 возила (2021: 7.564 примероци).

Продажба на автомобили Volvo во јануари 2021 година

Јануари    
  2021 2022
     
Европа 24,864 18,691
Recharge 10,154 9,926
 – Plug-in hybrid 9,078 7,940
 – Fully electric 1,076 1,986
     
Кина 19,160 14,629
Recharge 879 1,147
 – Plug-in hybrid 777 1,039
 – Fully electric 102 108
     
САД 8,151 7,110
Recharge 815 1,908
 – Plug-in hybrid 672 1,480
 – Fully electric 143 428
     
Останати 7,413 7,131
Recharge 1,666 2,090
 – Plug-in hybrid 1,648 1,485
 – Fully electric 18 605
     
Вкупно 59,588 47,561
Recharge 13,514 15,071
 – Plug-in hybrid 12,175 11,944
 – Fully electric 1,339 3,127

>>> Целиот пазар удолу, Volvo угоре 8,8 проценти до ноември

 

Претходна објаваKia Europe со нови директори за маркетинг и за развој на модели
Следна објаваПроект на Škoda: Го даваат автомобилот под наем и заработуваат од тоа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here