Според процените на LMC, пазарот за патнички автомобили во текот на 2022 година ќе забележи раст од 6 проценти. Влијанието на недостигот од чипови врз производството, исто така ќе почне да бледее со текот на годината.
Експертите на британската компанија LMC Automotive очекуваат продажбата на автомобили во Европа годинава да се зголеми за 7 проценти, на вкупно 17,8 милиони автомобили. Во предвидувањата се вклучени и земјите надвор од ЕУ.
Во светски рамки, најголем раст се очекува во Јужна Америка, со 9 проценти плус. Тоа е сепак споредбено мал пазар, со вкупно 3,6 милиони автомобили годишно. Секако дека Кина останува најголем пазар и во 2022 година. Според LMC, продажбата на патнички автомобили таму ќе забележи раст од 5 проценти, односно пазарот ќе достигне вкупно 26,6 милиони автомобили.
Глобалниот пазар во 2022 година, според стручните лица на LMC ќе достигне 85 милиони автомобили, што е за 6 проценти повеќе од лани
Автомобилските експерти предвидуваат и дека производителите на автомбоили ќе продолжат да се соочуваат со тешки предизвици за да излезат во пресрет на високата побарувачка за автомобили. Во првите три квартали, недостигот од чипови и натаму ќе им претставува проблем на производителите.
Во споредба со 2019 година, значи пред пандемијата, во првото тромесечје од 2022 година ќе има пад од 12 проценти во производството. Второто тромесечје ќе заостанува само 5 проценти зад 2019 година, затоа што кризата со чипови ќе почне да попушта. Веќе во текот на третиот квартал може да се очекува производството да биде на исто ниво како пред пандемијата. За последните три месеци, производството треба да порасне за 4 проценти во споредба со 2019 година.
At 153k, diesel car sales in W. Europe fell below BEV (174k) in December 2021, but diesel outsold BEV by 2 to 1 for the year as a whole (2.304 mn v 1.180 mn). pic.twitter.com/9Z1RuSan8U
— GlobalData Automotive (@automotive_GD) January 20, 2022
Доколку се овистинат предвидувањата, во 2022 година ќе бидат произведени вкупно 84,9 милиони автомобили. Според LMC, поради недостигот од чипови ќе бидат произведени 4,9 милиони автомобили помалку. Веќе в година може да се очекува враќање на нивото од 2019 година, кога од производствените линии се симнаа 88,7 милиони автомобили.
>>> Како авто-производителите постигнаа рекордни заработки во чип-кризата

















