Lexus третпат во низа шампион во издржливост според What Car

Исходот од истражувањето спроведено меѓу 16.000 возачи во В. Британија даде вкупен рејтинг од 98,7 проценти за Lexus. Според исказите од самите возачи, и тие малку проблеми што се појавиле кај возилото, најчесто биле отстранети бесплатно.

Уредникот на британскиот магазин What Car, Стив Хантингфорд, потсети на долгата традиција на највисоко рангирање на Lexus, во оценувањето на издржливоста на автомобилите од одделните марки: „Ако сте коцкар и имате сигурна рака, вложувањето на парите дека Lexus ќе биде прв во годишното истражување на изджливоста од What Car е најсигурен влог. Луксузната марка не само што го собра целиот влог од масата во 2021 година, туку истото ѝ успеа уште четирипати пред тоа. Ниту еднаш, Lexus не била пласирана пониско од второто место. Ако челичната издржливост ви е главна грижа, тогаш не барајте друго.“

На одличните оцени од уредникот на What Car се надоврза директорот на Lexus за Велика Британија, Крис Хејс. Тој цени дека „наградата ја потврдува репутацијата на производство на исклучително издржливи атомобили, верно на нашиот пристап дека клиентот е прв.“

Директорот Хејс понатаму наведува дека оцените се резултат и од прочуениот однос кон клиентите на Lexus, за настанатите проблеми да се надминуваат брзо и чесно. „Ние постојано сме посветени на подобрување на квалитетот, како и на осугурување, дека секое ново возило што ќе го испорачаме, ќе ја докажува примерната издржливост од година в година“, заклучува Хејс.

>>> Lexus стартува со првиот приклучен хибрид и му се радуваме во Македонија

Целата моделска понуда на Toyota на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Претходна објаваPorsche веќе в година почнува со производство на електричен Macan
Следна објаваMercedes Citan е првата премиера во Мак Аутостар годинава

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here