Mokka-e му го донесе 19-от „Златен Волан“ на Opel

Opel дури 19 пати досега добивал „Златен волан“ за своите модели. Електричната Mokka-e се докажа како најдобар избор во категоријата на автомобили со цена до 25.000 евра во традиционалниот избор на „Auto Bild“ и на „Bild am Sonntag“.

Електричната изведба на Opel Mokka продолжува по стапките на електричната изведба на Opel Corsa и на германскиот производител и годинава му донесе титула „Златен Волан“ во категоријата за најдобри автомобили со цена до 25.000 евра – електричната Mokka-e се квалификува за оваа ценовна категорија, затоа што германските власти одобруваат субвенција во висина од преку 9.000 евра за автомобили на струја.

Mokka-e, исто како и Corsa-e, уште од старт се докажа како бестселер во пазарниот сегмент на електрични автомобили. Претходно уште еден модел на Opel на струја беше награден со престижната и една од најпознатите титули на автомобилската сцена, со „Златен Волан“. Тоа беше Opel Ampera-e во 2017 година. Со победата на СУВ-изведбата врз основа на Corsa-e се докажа и дека експертите и читателите во изборот на магазинот Auto Bild и на најтиражниот европски неделник Bild am Sonntag, посебно го ценат електричниот погон.

„Нашата Opel Mokka-e е сé – единствено не е обична. Тоа уште еднаш се докажа на овогодишниот ‘Златен волан’. Со најсовремени технологии и со својот бескомпромисен дизајн, електромобилноста донесува задоволство во секој поглед. Посебно нé радува тоа што клиентите, читателите на AUTO BILD и BILD am SONNTAG, стручното жири и редакцијата, размислуваат исто како ние“, изјави извршниот директор на Opel, Уве Хохгешурц. Свеченото прогласување на победниците во изборот се одржа синоќа во зградата на издавачката куќа Axel Springer во Берлин.

https://twitter.com/OpelDE/status/1458159861145944067?s=20

Освен со изгледот и со воведувањето на Opel Vizor како заштитен белег на марката, Mokka-e се издвојува и со перформансите. Електромоторот со 136 КС и 260 њутнметри, во комбинација со батерија од 50 kWh и досег до 338 km, гарантира и динамично возење, но и секојдневна применливост блиска до автомобилите со обичен погон. Доколку има на располагање брз полнач со моќност од 100 kW, полнењето на батеријата до 80% ќе трае само 30 минути. Со т.н. бонус за животна средина, Opel Mokka-e во Германија стартува од 24.540 евра.

Opel и „Златниот волан“: Сите победнички модели од Риселсхајм

Opel Mokka-e продолжува долга низа од победнички модели на Opel во изборот за „Златен Волан“. Истиот се одржува уште од 1976 година во организација на издавачката куќа Axel Springer, а од 2009 година се одвива и соработката со Auto Bild. Во 45-те години на изборот, модели на Opel победувале 19 пати.

1978: Opel Senator A

1979: Opel Kadett D

1981: Opel Ascona C

1982: Opel Corsa A

1984: Opel Kadett E

1987: Opel Senator B

1990: Opel Calibra

1994: Opel Omega B

1995: Opel Vectra B

1999: Opel Zafira A

2002: Opel Vectra C

2005: Opel Zafira B

2009: Opel Astra J

2010: Opel Meriva B

2012: Opel Zafira Tourer

2015: Opel Astra K

2017: Opel Ampera-e

2020: Opel Corsa-e

2021: Opel Mokka-e

>>> Тест на Аутомедиа: Колку корист од брзото возење?

opel mokka тест на потрошувачка аутомедиа
opel mokka тест на потрошувачка аутомедиа

Претходна објаваНа Toyota GR Yaris ѝ се позлати воланот: Најдобра до 35.000€
Следна објаваНовиот спортски херој од Porsche: Cayenne Turbo GT

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here