Volkswagen ги нуди новите ID.5 и ID.5 GTX како модели со експресивен изглед, со батерија што овозможува долг досег и со нова генерација софтвер.
Волфсбург веќе има префрлено во „седма брзина“ на патот до нула. Стратегијата што се води „Way to ZERO“ и се однесува на нулта емисија на СО2 и други штетни материи, донесе уште два нови електрични модели, ID.5 и ID.5 GTX. Елегантното СУВ-купе со форма што побудува емоции, го поседува и најновиот ID.Software 3.0, што меѓу другото овозможува полнењето на батеријата да биде побрзо. Електричната „петка“ на VW прави и чекор поблиску до автоматизираното возење, затоа што користи т.н. податоци од топпа и усовршени системи за асистенција.
Ралф Брандштетер, извршен директор на марката VW, го опишува моделот: „ID.5 е електричен, спортски и елегантен. Нашето премиум СУВ-купе со чисто електричен погон е уште едно достигнување во нашата стратегија ACCELERATE“. Техниката за новите модели, како што е вообичаено за сите електрични автомобили од семејството ID, доаѓа од платформата MEB (Modularer E-Antriebsbaukasten, односно модуларна платформа од заеднички компоненти за електричен погон).
ID.5 го претставува каросерискиот стил на иднината: Аеродинамичен, експресивен, спортски и со куси превиси, благодарение на MEB. Тоа ни овозможи да постигнеме просторна внатрешност и покрај динамичната линија на покривот. Тоа не беше можно досега.
Јозеф Кабан, директор за дизајн на Volkswagen
https://photos.app.goo.gl/VtfVFn8ULriso7ts5
Важна новина кај ID.5 и ID.GTX е софтверската генерација 3.0, што се обновува и вчитува нови функции „Over-the-Air“, исто како телефон. Системот за полуавтопилотирано возење, познат од ID.3, воедно и од тест-возилото што Порше Македонија го обезбеди на стартот на електрификацијата, сега работи за нијанса понапредно, затоа што користи т.н. податоци од толпа. Тоа меѓу другото овозможува до ID.5 веднаш да пристигнат информации за состојби на патот што ги регистрирале останатите возила.
Паркирањето кај ID.5 не само што е автоматско, туку има и меморија; Со доплата за Park Assist Plus, возилото самостојно се паркира на местото што возилото го помни
Електричното СУВ-купе е долго 4.599 mm (ID.5 GTX: 4582 mm). Продажбата стартува в година, со три варијанти на погонот. Во ID.5 има еден електромотор на задната оска. Кај ID.5 GTX има и втор електромотор, за предната оска. Тоа, логично, му обезбедува погон на сите тркала на спортскиот модел.
https://photos.app.goo.gl/xDbgqQmN7HHXNaaN9
Новиот електричен модел, за кого што Volkswagen нагласува дека има премиум нишка, располага и со солидни возни својства. За тоа се грижи електронскиот менаџер на возната динамика. Суштината на овој „менаџер“ е во тоа што тој е поврзан со останатите системи за регулирање во возилото. Во случајот на ID.5 GTX, се менаџира и погонот на сите тркала. Техничарите ветуваат врвни спортски возни својства, висока тракција и безбедност во возењето.
Комбинацијата од голема батерија и каросерија со мал отпор на воздух, 0,26 за ID.5 и 0,27 за спортската изведба GTX, овозможува и постигнување долг досег. Масивниот спојлер што е составен дел од опашот сигурно не е за украс.
https://photos.app.goo.gl/VGh7bKdyiFchhQTm8
GTX се распознава по матричните диодни светла IQ.Light, што кај него се стандард, како и по поголемиот отвор за воздух напред. За динамичниот изглед да добие соодветна потврда и во возните својства, може да се доплати за приспособливо подвозје DCC.
Иако покривот осетно се спушта и создава силуета како на купе, висината на просторот за глава во ID.5 е за само 12 милиметри помала отколку во ID.4. Со меѓуоскино растојание од 2.766 mm, електричното СУВ-купе располага со кабина што е на ниво со СУВ од виша класа. Багажникот располага со зафатниона од 549 литри.
Вообичаено за ID, пред возачот се наоѓа мал и прегледен дисплеј, но затоа следи голем средишен дисплеј со исклучително висока резолуција за мултимедијата и за функциите во возилото. Проекцискиот дисплеј фуинкционира најмалку едно ниво над досега познатите дисплеи во браншата и реално заслужува да се води како Augmented-Reality Head-up Display.
https://photos.app.goo.gl/zaBsnbAGBfn6M3M27
Говорните команди исто така напредуваа со новиот ID. Software 3.0, коишто се активираат со „Hello ID“. Посебност е комуникацијата Car2X, што добива информации од возилата околу и од инфраструктурата во радиус до 800 метри. На тој начин, електричниот СУВ-купе на Volkswagen дознава за опасност на патот, за незгода или за застој. ID. Light во кокпитот пушта соодветни светлечки предупредувања за опасност.
До 2030 година, најмалку 70% од продажбата на Volkswagen во Европа ќе отпаѓа на чисто електрични возила. Тоа се повеќе од еден милион возила. Во Кина и Северна Америка се калкулира со 50% удел. За овие цели да се достигнат, Volkswagen секоја година ќе пушта во продажба најмалку по еден нов електричен модел.
Производството на ID.5 и на спортската изведба ID.5 GTX со два електромотори и погон на сите тркала се одвива во фабриката во Цвикау.
https://photos.app.goo.gl/6Tr8EcPsJ1tVkhRd7
https://photos.app.goo.gl/3o3d6Vp9YU8XFenj9
https://photos.app.goo.gl/ukWVpGdkshhjexw28
https://photos.app.goo.gl/qXduFgMXpwoufZnz8
https://photos.app.goo.gl/bvZua2h78ShYjhBFA
https://photos.app.goo.gl/ZRNkBzatjiTeXc6B6
https://photos.app.goo.gl/GPni2znuUxgGjpc67
https://photos.app.goo.gl/PyGxAugZyR9qypKH8
















