Toyota разви електро-скутер за лица со отежнато движење

Електричниот скутер со три тркала на Toyota е наменет за корисници со ограничена подвижност, се одликува со ниска површина за стоење, препознава пречки и постигнува до 10 km/h.

Toyota C+walkT e првиот електричен скутер што јапонскиот гигант го нуди во продажба и посебно е наменет за корисници што имаат потешкотии при движењето. Ова необично возило во земјата со шампионска очекувана животна доба од 84,5 години (за мажи  81,4 години, за жени 87,5 години, во Македонија соодветно 73,8 години, односно 77,8 години, извор Worlddata.info) и просечна старост од 45,9 години, корисниците во Јапонија можат да го изнајмат, да го користат под лизинг или да го купат.

Висината на површината за стоење е само 150 милиметри и тоа го олеснува качувањето и симнувањето. Брзината може да се намести за C+walkT да се движи со иста брзина со придружбата што оди пеш. Најбрзо е 10 km/h. C+walkT препознава пречки и подзапира, со цел да избегне судир. Во таков случај се пушта звук и електричниот трицикл забавува на 2 km/h.

При нормална брзина, батеријата издржува 14 километри. Испразнетата батерија се отстранува и се полни 2,5 часови.

Тротинетот е дел од серија посебни возила, во којашто спаѓа и електричниот мини-автомобил C+pod. Понатаму ќе се развиваат дополнителни варијанти, меѓу кои варијанта со седиште и варијанта што се спојува со помошна количка за движење.

Цената во Јапонија е 341.000 јени, односно околу 2.500 евра.

https://photos.app.goo.gl/qvGvAmdkqHAoigab8

 

Претходна објаваAutobest ги објави финалистите за Best Buy Car of Europe за 2022 година
Следна објаваPeugeot 2008 е автомобил на годината во Јужна Африка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here