Убедливо најголемата збирка од историски возила на Toyota во Европа се наоѓа во центарот што е именуван Toyota Collection, во германскиот град Келн. Во центарот деновиве се прославува на големо, се пречекуваат сопственички и сопственици на автомобили Toyota што имаат повеќе од 200.000 на километражата. Тоа е само почетен праг.
Третпат во центарот со историски возила на Toyota во Келн се организира настан за возачки и возачи на автомобили од марката со големи километражи. Секако, се зема предвид и Lexus. Услов за учество на настанот е возилото да има поминато најмалку 200.000 километри. Како што се покажа во претходните години, горна граница не постои.
На фановите на Toyota ќе им претставува дополнително уживање да ги погледнат и 75-те класични модели на јапонската марка, што се изложени во големата хала на Toyota Collection. Поголемиот дел од овие возила претходно беа во приватна сопственост на ентузијаст на Toyota и истите пред неколку години беа пренесени во шпедитерски подвиг до претставителниот објект во Келн, што го обезбеди Тојота Дочјланд.
https://photos.app.goo.gl/ApPhyc3mbiANjovp7
Музејот за мотоспорт на Toyota Gazoo Racing Europe исто така пречекува гости викендов со неколку ексклузивни поставки – ограничено на само 75 посетители. Почитувањето на нормите за заштита од пандемијата досега не било поголем проблем во Германија, отколку што е во остатокот од светот. Пристапот во објектот се дозволува само за лица што претходно ќе се регистрираат на посебна онлајн-страница и ќе приложат доказ дека се вакцинирани.
На сопствениците на „милионерските“ возила (има налепница и за 100.000 km, итн.) им се доделува посебно признание. На визачките и возачите сепак им е поважно дружењето и размената на искуства за нивните миленички.
Значи, возачки и возачи на Toyota во Македонија, ова е одличен пример за акција.
Линк до Toyota Collection
Милионерско Aygo
https://photos.app.goo.gl/MxceK5VaypwQqDGj8
https://photos.app.goo.gl/ZtQbEWXhNnchQi1J6
Во центарот Toyota Collection
https://photos.app.goo.gl/Nw4ypCdnzVMV56EY6
Милионерски Lexus LS400 со првиот мотор и со првиот менувач
https://photos.app.goo.gl/73EdSv5GYwwKzJxZ6
>>> Toyota Corolla Hybrid на лимузинска тура низ Преспа

















