Kia во Италија пробно со онлајн-продажба преку eBay

Kia традиционално ги става потребите и желбите на своите возачки и возачи на прво место. Како дел од оваа стратешка определба, што е нагласена уште повеќе по ребрендирањето и влегувањето во ерата на електромобилноста, Kia во неколку европски држави ќе им понуди на своите клиенти можност да набават производи преку најголемите канали за онлајн-трговија eBay и Amazon.

Италија и Германија се првите држави во коишто Kia ги воведе новите услуги за клиентките и клиентите на марката. Станува збор за можност, оригинални резервни делови, прибор, како и брендирана облека, да се купат онлајн преку моќните трговски канали eBay и Amazon.

Главното тежиште на новото присуство на Kia во онлајн-трговијата секако дека е ставено на оригиналните резервни делови и на комоцијата да се купи од дома или од канцеларија – наскоро тоа веројатно ќе биде можно и преку дисплејот во кокпитот на возилата на Kia. Со овој потег, марката со шампионската гаранција сака да им укаже на своите клиенти на иновативноста, како и да ги увери дека тие секогаш се во центарот на вниманието.

 

Продавниците на Kia на eBay and Amazon.it служат за директна продажба и се раководат директно под Kia Italia, односно тие се водат како дел од официјалната постпродажна мрежа на Kia. Истото важи и за Германија.

Верувам дека поставувањето на една автомобилска марка на каналите за онлајн-продажба оди во насока на сé поголемо приближување на марката кон клиентите, со целосно искористување на предностите на стратешкиот предизвик што го лансиравме во 2021 година преку Plan S

Џузепе Бити, извршен директор на Kia Italia

Kia во Македонија исто така прави големи чекори во насока на дигитализацијата. Моделите на корејската марка уште се единствени што може да се разгледаат целосно виртуелно преку https://kia.mk/360-saloon

Конфигуратор, целосни и секогаш ажурирани информации, како и комплетно и јасно претставување на цените на моделските изведби, опремата и техничките податоци се само дел од тоа што прави онлајн-присуството на Киа Моторс Македонија да поставува мерила во браншата.

Не е тешко да се замисли дека во македонската Kia веќе се работи на сличен проект, можеби за онлајн-продажба на прибор, од типот на патосници, подни облоги во багажникот, „делфини“, носачи за велосипед… автомобили Kia има доволно по македонските улици, тоа е сигурно. Во меѓувреме се чека и пристигнувањето на новата генерација на Kia Sportage.

>>> Kia Sportage почнува уште едно успешно поглавје

Претходна објаваAudi дава одговори: Што откако ќе мине употребниот век на батеријата?
Следна објаваToyota Tundra влече 5,5 тони товар како обична вежба

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here