Toyota Tundra од средината на септември вози во нова генерација. Најамериканскиот модел на јапонската марка се расфрла со бројни суперлативи, меѓу другото и со дозволената тежина на приколка до 12.000 фунти, што одговара на 5.500 килограми.
Кај најголемиот пикап на Toyota може да се избира меѓу два мотори. Едниот е твинтурбо 3.5 V6 со моќност од 389 КС и вртежен момент од 650 њутнметри, со по две брегасти вратила со погон со синџир и со специјалитетот на Toyota, Dual VVTi. Ако тоа е недоволно, тогаш е решение моторот iForce MAX со 437 КС при 5.200 вртежи и со 790 њутнметри при 2.400 вртежи. Станува збор за хибриден погон, со електромотор вграден во куќиштето на менувачот, кој патем е 10-степен автоматик.
Како што тоа е сосем нормално кај пикапите од тешка категорија, Tundra користи масивна носечка рамка, што заради заштеда во тежината е изработена делумно од алуминиум. Гранд-пикапот на Toyota сепак не е „камион“, затоа што предните тркала се водат со две триаголни водилки, како тркачки болид, а не заостанува и задната мултилинк оска. Како опција се нуди пневматска амортизација. Првпат во Tundra се нуди и систем што автоматски го приспособува придушувањето според подлогата.
Со дозволена тежина на приколка до 12.000 фунти, односно близу 5,5 тони, новата Toyota Tundra влече за 17,6 проценти повеќе товар од претходничката. Во ваква средина не изненадува и тоа што дозволената носивост изнесува близу 900 килограми. Исто како што во европските модели на Toyota може да се избира меѓу спортски, комфорен или еко режим, кај Tundra може да се избира меѓу неколку режими за влечење товар. Камери што прикажуваат слика од сите страни се голема помош, имајќи ги предвид габаритите на пикапот. Посебен детал се ретровизорите што се извлекуваат странично, за подобра прегледност кога Tundra влече приколка.
Најамериканскиот детал е можноста во возачкиот дисплеј од 12,3 инчи при давањето контакт да се прикажуваат различни кадри од природните знаменитости во земјата, како што е Ел Капитан во паркот Јосемити или Долината на монументите во Јута.
Луксузот секогаш е на цена. Toyota Tundra во топ-изведбата чини 50.000 долари.
















