Папата Франциск се вози во Škoda Enyaq iV

Папата Франциск ќе има на располагање две возила Škoda Enyaq iV за својата посета на Словачка од 12-ти до 15-ти септември. Возилата се приспособени според барањата на Ватикан. Електричниот СУВ ќе го придружуваат две возила Karoq. Преку посебен вебсајт може да се испраќаат пораки до Папата, што може виртуелно да се прочитаат на возилото.

На покана на претседателката Зузана Чапутова, папата Франциск пристигна во посета Словачка, во периодот од 12-ти до 15-ти септември. За јавноста подобро да го гледа Папата, затемнетите задни стакла на Enyaq iV се заменети со стакла што не се тонирани. На предното десно крило се наоѓа држач за ватиканското знаме, а на куќиштето на десниот ретровизор е поставено официјалното лого на папската посета на Словачка. Заради полесен пристап, во возилото е поставена дополнителна дршка. Сите возила се лакирани во црна металик боја и имаат ентериер што исто така е во црна боја.

Папата денес имаше средба со Претседателката на Словачка и со претставници од политиката, дипломатијата, од културната сфера и од црквата, како и од претставници на еврејската заедница. Утре следи посета на Кошице, заради средба со претставници на ромската заедница. Во среда, папата Франциск доаѓа во посета на аџилакот Шаштин, за потоа да се врати во Рим.

Škoda организираше посебен вебсајт во чест на посетата, преку којшто луѓе од цел свет можат да испратат порака до Папата. Тоа е можност на Папата да му се обратат и луѓето што не можат лично да присуствуваат на јавните настани.

Папа Франциск вторпат користи возила од чешката марка. За време на дводневната посета на Ирска, во 2018 година, на папата Франциск му стоеја на располагање четири возила Škoda Rapid Spaceback.

http://www.pozdravpapezovi.sk/?lang=en

 

Претходна објаваTDI за Gazelle: Руска газела со германско срце
Следна објаваНема субвенции за Tesla, Toyota и Honda во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here