Големите автомобилски концерни во минатиот месец повторно ги приспособија плановите за производство и одредија неколку денови во коишто фабриките ќе мируваат целосно, поради тесното грло во снабдувањето со компоненти, главно полупроводници. Пандемијата што ги предизвика овие проблеми продолжува да се шири, соодветно се приспособуваат и плановите на фабриките.
Браншата веќе подолго време се соочува со последиците од пандемијата врз производството на автомобили, што произлегуваат поради прекинатиот добавувачки синџир и поради сменетите услови на глобалниот пазар. Кризата е предизвикана главно од тоа што фабриките за производство на чипови во време на „локдаунот“ добија масивно зголемување на побарувачката од чипови од страна на производителите на забавна електроника и ИТ технологија. Додека светот остана затворен дома во првиот удар од пандемијата, масовно се купуваа играчки конзоли, видеоигри, компјутери, системи за видео конференција од дома. Тоа ги пребукира фабриките за производство на чипови.
Автомобилската индустрија е далеку помал потрошувач на чипови од производителите на забавна електроника и компјутерска техника. Во исто време, менаџментот на авто-концерните предвидуваше дека пандемијата подолго време ќе остава траги врз побарувачката од автомобили. Браншата беше песимистичка дека за кусо време повторно ќе се продаваат автомобили како пред кризата. Песимизмот беше непотребен, светот бара уште повеќе автомобили. Но, налозите за производство на чипови во фабриките на електро-гигантите се пополнети. Со постоечките капацитети не може да се одговори на барањата за поголемо производство на чипови за автомобилските фабрики. Тоа е целата суштина на проблемот.
На фабриките им е повеќе исплатливо да бидат затворени цел ден, отколку да го скусат дневното производство – ефикасноста на продукцијата мора да биде врвна, инаку се произведува загуба
Повеќе концерни не го откриваат вистинскиот обем на штетата што недостигот од чипови го остава врз продукцијата, врз бројот на произведени автомобили. Toyota, пак, сето тоа тоа го прави многу транспарентно, што од друга страна се должи и на фактот што јапонскиот примус е помалку погоден од чип-кризата.
Корпорацијата денес најтранспарентно го објави сменетиот план за производство за септември и за октомври. Глобалната продукција на Toyota ќе биде скусена за околу 70.000 возила во септември (40.000 возила во странските фабрики и 30.000 возила во Јапонија), односно за 330.000 возила (180.000 возила во странство и 150.000 возила во јапонските фабрики) во октомври, во споредба со плановите од август.
https://twitter.com/nocturnalknight/status/1435148329747419138?s=20
За целата фискална година, што завршува на 31-ви март 2022 година, Toyota предвидува вкупна продукција од 9 милиони возила, место 9,3 милиони возила според првичните планови.
За ноември уште е многу неизвесно дали ќе мора повторно да се воведуваат промени во плановите на производство, но од Тојота Сити напоменуваат дека побарувачката за автомобили им останува на највисоко ниво. Тоа значи дека купувачите прифаќаат нивниот автомобил да биде испорачан со неколку месеци подолг рок, отколку што тој би бил испорачан при нарачка во почетокот од годинава. Предвидениот оперативен профит останува непроменет, на 2,5 трилиони јени, односно 19,2 милијарди евра.
Тоyота најтранспарентно го прикажува обемот на скусувањето на продукцијата поради глобалниот недостиг од чипови
Скусувања во 10 производствени ленти во 9 фабрики, од вкупно 28 производствени ленти во 14 фабрики во ветската продукциска мрежа на Toyota
| Фабрики | Прекин на производството | Модел што се произведува | |
| Toyota Motor Corporation
Takaoka Plant |
Production line #1 | 27 (Mon), 28 (Tue), 29 (Wed), 30 (Thu) | Corolla / Corolla Touring |
| Toyota Motor Corporation
Tsutsumi Plant |
Production line #2 | 24 (Fri), 27 (Mon) | Corolla Sport, Camry, ES |
| Toyota Motor Corporation
Tahara Plant |
Production line #1 | 17 (Fri), 20 (Mon), 21 (Tue) | Land Cruiser Prado, GX, 4Runner |
| Toyota Motor Kyushu
Miyata Plant |
Production line #1 | 24 (Fri), 27 (Mon), 28 (Tue) | NX, CT, UX, UX300e |
| Production line #2 | 24 (Fri) | ES, RX | |
| Toyota Motor East Japan
Iwate Plant |
Production line #2 | 27 (Mon) | Yaris, Yaris Cross, Aqua |
| Toyota Motor East Japan
Miyagi Ohira Plant |
27 (Mon) | Yaris Cross, Sienta, Corolla Axio, Corolla Fielder, JPN Taxi | |
| Toyota Auto Body
Fujimatsu Plant |
Production line #1 | 17 (Fri) | Land Cruiser 70 |
| Toyota Auto Body
Yoshiwara Plant |
Production line #2 | 17 (Fri) | Land Cruiser 70 |
| Hino Motors, Ltd.
Hamura Plant |
Production line #1 | 17 (Fri), 20 (Mon), 21 (Tue) | Land Cruiser Prado, FJ Cruiser |
https://twitter.com/danielfernandez/status/1435798341108080641?s=20
















