Електрични автобуси Mercedes ги превезуваат посетителите на ИАА Минхен

Мотото под коешто се одржува сосем новиот концепт на салон на автомобили ИАА Мобилност 2021 гласи „What will move us next“. Во Минхен до 12-ти септември ќе бидат прикажани сите нови видови на мобилност што ќе го освојуваат светот во претстојните години. Главниот печат е ставен на електричниот погон.

Во Минхен деновиве е поставена „сина лента“, по којашто за време на одржувањето на салонот ИАА Мобилност може да се направи пробно возење на огромен број електрични автомобили, скутери и други видови превозни средства на струја. Нормално дека по „сината лента“ сообраќаат и електрични автобуси, како дел од јавниот превоз. Четири електрични градски автобуси Mercedes-Benz eCitaro ги превезуваат посетителите од едно до друго место на коешто се одржуваат настани во рамките на салонот, безшумно, брзо и без штетна емисија.

Автобусите сообраќаат од „самитот“, кадешто се наоѓаат штандовите на најголемите производители и доживуваат премиери најважните новитети на сцената, до „отворениот простор“ во централното јадро на Минхен.

Неколку изјави од посетителите на ИАА Мобилност и корисници на превозот со електрични автобуси:

  • Убаво е сознаението дека се создаваат помалку ПМ-честички. Тоа е важно токму во големите градови.
  • Возењето е пријатно и тивко, човек може да одмори.
  • Многу е пријатно, многу мирно. Одлично. Да, тоа е апстрактно за голем број луѓе. Многу се слуша за електромобилноста, но ретки се можностите за таа да се испроба и да се користи. Ова е одлична идеја.
  • Многу е пријатно чувството при возењето.

https://photos.app.goo.gl/6BfTManh56GP3UYh6

Во текот на полчасовната автобуска тура, гостите можат да се одморат од напорните салонски денови и да ги наполнат своите телефони преку многубројните УСБ-приклучоци во автобусот. На дисплеите се прикажуваат презентации за напредните технологии на eCitaro, каква што е новата генерација на литиум јон батерии.

Од електричните автобуси се одушевени и возачите, од кои дел првпат имаат можност во Минхен да возат автобус со електричен погон.

>>> Dacia постави базен камп среде Минхен, има нов модел Jogger

Претходна објаваCitroen C3 Aircross ја има вградено авантурата: По стариот пат од Велес за Прилеп
Следна објаваСлужбена Tesla под оперативен лизинг во 16 европски држави

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here